Ене за да не толкуваме, објасни Скај и Маркети што му значело тоа со "стилот" на Раиола. Ибра сакал да биде најскапоплатен играч во Милан. И се навредил дека бонусите биле врзани со изиграни утакмици (што искрено, според мене, имајќи предвид дека ипак се работи за скоро 40 годишен играч, е нормално). Е на тоа мислел со "стил и убедливост" на понудата, а не на тоа дека Милан не ветувал засилувања и конкурентен тим.
И Газидис и Малдини и Елиот знаат дека ова е еден од последните возови за враќање во ЛШ и задржување на вредноста на брендот, пред да продаат. Не мора да му ветат конкурентен тим на Раиола за да го знаат тоа, не ќе го напраат тоа исклучиво заради Ибрахимович.
Мене ми смета малце ова тегнење и курчење, иако ги знаеме какви се и Раиола и Ибрахимович. Тој збори за стил некаков, а се тегне за пола милион на крајот од богатата кариера кога Милан го врати Ибра од Пиздинци, Америка и му даде шанса да игра и да се пензионира во лига и тим кои се уште нешто значат и не се ревијална претстава као МЛС. Ибра му помогна на Милан сезонава, да, ама и Милан му помогна на Ибра, затоа нека не бладаат за стил некаков. Сакам и мислам дека треба да му продолжат договор, ама не го оправдувам понашањето на Ибра и Раиола во моментов.
Тие коишто го оправдуваат Ибра во ситуацијава се исти коишто би го оправдувале Икарди со глупостите во Интер. Као најјак е во тимот, му се може да се курчи, дајте му колку бара. Тоа е све само не понашање со стил. На Икарди му личеше, ропак класичен. Ама не му личи на Ибрахимович, искрено.
Сеа друга работа е што ако влезат во отворен клинч со Раиола, тоа копиле ќе ни се одмаздува преку Донарума, Ромањоли и слично, ама јебига. Затоа мислам дека ќе најдат договор. И немањето стил ќе остане кај Ибра и Раиола, не кај Милан во ситуацијава.