Наводно имало чарки меѓу Газидис и Леонардо околу трансферите на Фабрегас и Муриел. Газидис, типично за трговец- прекупец дал насоки да се иде на фудбалери до 25/26 години. Тука според мене делумно и лежи зајакот за ситуацијата со Игуаин. Ниеден сериозен фудбалер со некое реноме, не планира да ги троши годините играјќи во клуб што сака да си ја крене цената и да се продаде на најдобриот понудувач, фудбалери како Игуаин бараат сериозени проекти, не им се игра во некој мини- Арсенал. Плус ако се додадат на ова и неумесните изјави на Леонардо околу договорот, јасно станува дека е попаметно да се ослободат од него сега, него да го држат до крај на сезона немотивиран и фрустриран.
Ако тоа со Бонучи не беше доволен показател дека работава во клубов не е како што треба, ова е скроз таан. Никако и со ништо не може да се они двајца криви, а да не се криви тие што не се на чисто со себе околу насоката на клубот. За долгорочен проект мора во костурот на екипата да имаш фудбалери со 30+, со 25/26 години можеш да тераш купи продај и да си гној од клуб како Арсенал.