Од авион се гледа дека на тимов највеќе ќе му одговара 4-2-3-1 формација. Кога ќе отиде понапред Хакан како друг тим сме на терен, а во една таква формација и Сусо и Бонавентура ќе играат на позициите кои највеќе им одговараат, плус ќе добијат и повеќе простор напред. Напаѓач Силва и никој друг. Јес да Калинич даде гол денес од единствената шанса креирана за него, но португалецов е многу подинамичен играч. Едноставно повеќе се движи, знае да повлече напред, знае да проигра, знае да направи дриблинг, подиректен играч е т.е. он е тип на напаѓач кој веднаш се врти кон голот и го бара патот за да стигне до истиот итн. Бурбрег би дал само да ја видам оваа четворка напред и тренер Сари од Наполи. Како леб ни треба еден таков тренер што ќе извади 200% од секој играч, дури и за Биља би имало надеж во една таква ситуација.
Играта како игра искрено и денес не ми се допадна. Добивме 4:1 на гости, но освен повремени блесоци од Сусо пред се и на моменти Хакан, се останато беше реприза од претходните 6-7 утакмици. Дури веќе и смешно е да се гледа колку не знаат да одиграат нешто кога ќе се постават во формација со тројца позади. Да не беше Сусо во прво полувреме гол не дававме за жива глава, а второто веќе беше друга приказна, но мора да се напомене дека Киево беше целосно распаднат после оние 0:2 од првото полувреме и имавме повеќе простор за игра. Исто така и грешките на наша половина уште си стојат. Биља неколку грешни пасови од кои можевме да го јадеме, Кеси им намести чист гол....ако не Ромањоли тогаш Бонучи ќе ја сјебе, ако не е Бонучи тогаш Биља/Кеси се тука да поклонат гол. Мора да се мења формацијава по секоја цена инаку со свесно одење со глава кроз ѕид ништо не правиме.