Де јОнг да си идел пред кристанте... и тоа за смешни 12 милиони....

де јонг има во него уште 4 сезони одличен фудбал...и незнам што ви се годините проблем кога бомел до 35 играше во милан на врвно ниво...само да нема некоја посериозна повреда де јонг ќе си тера уште 4 години сигурно ...
Да си отидеше ќе имавме огромна дупка во средината како што ни е сигурна и одбранта уште бетер ќе бевме и пак по 2 гола на натпревар ќе примавме...
ОК... Колку пари треба да дадат за ДЈ, а тоа да не е смешна сума? Фудбалер кој е доста ограничен и може да придонесе само дефанзивно, има 30 години и само уште една година од договор (сега се надевам дека договорот ќе му биде продолжен)? Вртете го муабетот колку сакате, повеќе од 15 милиони тешко некој да даде за него. Па Милан го зема за 3 милиони некаде...
Може да погледнеме и од друга страна. Првата негова сезона, додека да се повреди Милан играше многу лошо, всушност откако Монтоливо почна да игра како региста дојдоа и добрите резултати, а и добрата игра. Од кој знае кое место, Милан стигна до трето место. Минатата сезона повторно со ДЈ и повторно никаква игра и лош пласман. И нешто не сум сигурен дека Милан малку примаше голови со него. И на поставена дефанзивна формација и на контри Милан примаше голови.
Веќе чувствувам изнервираност...

Добро, да смирам страсти. Не мислам дека ДЈ е најголемиот виновник, но дајте да не се правиме слепи. ДЈ е голем борец, знае да игра дефанзивно добро, врши доста работа, НО многу е важно какви играчи има околу него, посебно ако игрa ДМ во формација како нашата со тројца играчи во средина, друго е во формациите со двајца, тоа повеќе му одговара. За да има шанса да изгледа добро средината со него потребни се што повеќе брзи, динамични и креативни фудбалери околу него. Сетете се како изгледаа лошо со Монто. Тој никогаш нема да може да започне напад како Пирло, Монтоливо, но ниту како Ван Бомел. ВБ имаше подобра пас игра, но и превземаше одговорност. На ДЈ пасовите најчесто му се враќање кон одбрана или некој лесен хоризонтален пас, напред многу тешко.
Како повеќе игра во Италија се повеќе станува тактички зрел, искрено кога дојде беше смешен на тој план. Тоа е позитивна работа, која може да придонесе подобро да изгледа и средината, а се надевам и дека со Бибер и Бонавентура тој ќе знае да се снајде подобро. Бибер е некој што би требало да е солиден како длабок плејмејкер, а Бонавентура е динамичен, агресивен играч, но и технички е добро поткован... плус и двајцата превземаат одговорност.
Може да се размисли уште ншто, ДЈ да не игра како региста, што би кажале во Италија, туку како Гатузо... Но, не сум сигурен дека ова ќе изгледа добро, но би можаело да пробаат.
П.С. Јас не сум Баба Ванѓа па да знам дали во него има уште 4 години врвен фудбал, иако не верувам. Освен ако му била наклонета природата, затоа што тој не е Пирло, не се ослонува на технички способности, туку на физички...