Ниту Милан, ниту Јувентус, барем во последно време не се тимови кои се расфрлаат многу со пари. Од таа причина и од фактот дека сите изјави и проценки досега поврзани со потенцијалот на Итурбе беа буквално издигнување до небо, а и со оглед на тоа какви цифри и проценки се вртат на фудбалскиов пазар денеска, верувам дека Итурбе е блиску до тоа да вреди 20+ милиони.
Е сеа, нормално, постои ризик како и буквално во секој трансфер. За ниту еден не може со сигурност да се тврди дека ќе се исплати.
Кога веќе го спомнувате Ламела, би рекол дека е исто толку ризично да се плати 20+ милиони као и за Итурбе. Беше во Рома, изигра една сезона, замина во Тотенхем очигледно преценет, таму пак очигледно, небитно од кои причини почна да паѓа и прашање е дали ќе почне да се крева пак уопште.
Со ова не изразувам преференција кон Итурбе, само нагласувам дека ако збориме за ризик двата трансфера би биле ризични како и секој трансфер.
Со оглед на тоа дека овие цифри кои сеа се спомнуваат (28 милиони) за Милан се нешто што не можеше да се замисли во последно време, мене цела оваа работа ми е чудна и ја пратам баш со претпазливост.
Пишав еднаш, пак ќе повторам дека многу побитно од тоа дали ќе успеат да го договорат конкретно Итурбе или не, ми е тоа дали Милан стварно одлучил да ги потроши тие 28 милиони на еден играч. Ако стварно одлучиле тоа би било одлично. Па има и други кои би можеле да ги земат предвид ако не успеат да го договорат баш Итурбе. Слична цена имаат и Кевин Воланд од Хофенхајм, Јармоленко, Шаќири, па ете и Ламела и Гризман ако сакаат. Да не лупам имиња, можда некои од овие се поскапи/поевтини, ама сакам да кажам дека ако одлучиле да даат 28 милиони на Итурбе и ако не успеат, ете им, имаат други за кои можда би успеале.
Со тоа ќе се види дали ситуацијава со Итурбе е мачкање очи или реална одлучност квалитетно да се засили и подмлади тимот истовремено.
Меѓутоа, ако алтернативата за Итурбе е Лавеци, би рекол дека тоа би било ултра наивен потег.
Тоа би значело нов Робињо/Кака во тимот. ( според платата ). Не гледам логика во тоа да се мачиш да ги исчистиш Кака и Робињо од тим затоа што имаат голема плата, а да даеш 15-16 милиони ( најмалку за Лавеци) и да донесеш 29 годишен играч со сигурно иста плата (4-5 милиони), на кој за година две ќе му падне цената испод десет и никој нема да сака да ти го купи заради тоа што има големи примања.
Тоа ми е вртење во круг. Ако го земат Лавеци, можда ќе има една добра сезона и за две години пак нечиј трансфер ќе зависи од негово заминување, а тој ќе се влече и нема да можат да се најдат купци за него као ни за Робињо сеа.
Во ситуација кога Галијани (се надевам) работи на тоа да ги смали платите во Милан, да го исчисти ѓубрето и да го подмлади тимот со квалитетни играчи, не гледам никаква логика во носење на Лавеци. Тоа би било скроз исто као Кака да останеше.
Засега, ставот ми е: Ако одлучиле да даваат 28 милиони за млад и квалитетен играч, не ми е многу битно дали тоа ќе биде Итурбе ( ако не успеат, нека биде друг ) и категорично против носење на Лавеци.