Читав у стилот као он сакал да ги донесе Стам и уште еден ко негови помошници и го буткал и Малдини у клубот а на Галијани не му одговарало тоа па ќе глеа да изгура варијанта Пипо/Донадони/Спалети и да може да си тера по негово.
И пак Галијани крив?
Можеби Галијани не го штити Сидорф (како претхоно што го бранеше Алегри), но одлуки за смена на тренер ги носи Берлускони. Посебно кога е во прашање Сидорф, затоа што Силвио инсистираше овој да биде тренер... а и пари се во прашање, доколку се раскине договорот.
Башка, Сидорф не може да го бутка Малдини, а не сум сигурен дали и сака. Прво, тој е тренер, јас не би му ни дозволил да бира кој на која позиција ќе биде поставен во раководството на клубот. А второ, спортски директор е уште една глава над него, уште некој кој ќе му се меша во работа и ќе му соли памет, посебно ако е некој со изграден авторитет како Малдини. Сидорф и овие не може да ги трпи, а не па уште еден. Секогаш тренер сака да одлучува се околу екипата, од трансфер до како ќе се игра, никогаш не посакува некој што би го ограничувал.
А од овие имиња што се вртат, најлошо е да го доведат Спалети... Можеби Пипо е бетер, но тоа не го знаеме.
Но, фер е да му дадат шанса на Сидорф, ако ништо друго резултатите се на негова страна.[DOUBLEPOST=1399671913][/DOUBLEPOST]
Aма сеа стварно и нашиве незнаа што сакаа, што кур му фали на Сидорф одкако ни е тренер ??
Имам една теза, не знам колку е точна.
Сидорф беше доведен за Милан да почне да игра ’шампањ фудбал’, а за тоа се потребни фудбалери кои Милан ги нема, а за кои треба ’малку појќе’ пари. Тука се и оние изјави на Сидорф за играчкиот состав, кои ги дал, па не ги дал... изгледа дека има нешто. А тие изјави не им се допаднаа на раководството.
Е сега, пошто не може/не сака Белрускони да троши како на времето, пред некој месец не ми е јасно што имаше на памет кога инсистираше Сиорф да биде тренер, сега се во потрага по некое решение кое би требало да донесе некаква сигурност, односно да знае да се снајде во овие услови и да постигне некои успеси. Значи, тактичар, тука Италијанците се најдобри, кој солидно си ја знае работата и да направи тим, кој ќе се надоградува постепено (тоа нешто не им успеваше до сега, па кој знае дали и од сега натаму) и ќе се бори за место во ЛШ. Нешто како што беше Алегри...
Затоа сега го спомнуваат Донадони... Работи во Парма, каде постигнува некакви успеси со просечни фудбалери, не игра дефанзивно, а е и легенда на Милан.
Монтела му е интересен на Берлускони затоа што има некаков успех со Фиорентина и се труди екипата да му игра убав фудбал. Иако ова година мене ме разочара Монтела... башка неговиот карактер.
Спалети не се вклопува во ова приказна. Тој не може да работи во услови кои беа опишани погоре... а и не го бива. Тој ради успехот со Рома и напаѓачкиот фудбал го ставаат во пресметки, но не е паметно решение.[DOUBLEPOST=1399679601][/DOUBLEPOST]Berlusconi:"This week I met many people at the Sacra Famiglia (a retirement home) who could control Milan's locker room well"
Типично за Берлускони.
Има тренер што не бил понижен од Берлускони? Анчелоти, Леонаро, Алегри, а еве сега и Сидорф... Веројатно и тие порано имале слична судбина.
Пишував дека состојбата во соблекувалната е сериозен проблем за Сидорф. Не може да ти избега тимот од контрола, може да има незадоволни, но ако не знаеш да ги менаџираш тие работи, тогаш тешко е да бидеш успешен тренер. И тој на времето знаеше да прави проблеми, демек не бил за на клупа и сл., па треба да му е познат тој тип на луѓе и да знае да се справи со нив.

А и се лигавеше кај Силвио кога овој удри по Алегри очекувајќи тренерско место... Еве сега нешто слично му се случува и на него.
Толку години го познаваат, зарем не го научија каков карактер е Пресиденте? Мислев дека Сидорф ќе биде спремен да ги одмине овие работи, дека знае што го чека и што треба да прави.
А изјавите на Берлускони се интересни, но можат само да штетат.
И сега мислам дека за тоа што Милан не менуваше тренери како Интер, единствено заслужен Галијани... Па за смена на Анчелоти се спонуваше уште пред кобниот Истанбул, потоа само се засилија шпекулациите, но за среќа го заржаа па видовме уште една титула во ЛШ.