Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
E sea ke si lapne i ovoj 20-30 milioni za raskin na dogovor ,posle ke nemame pari za transferi do Olimpijadata vo brasil 2016 :D
 
:( :love:


Нема да пишувам многу за Галијани, ако почнам ептен ќе бидам патетичан.

Само глуп ми е начинот на кој се прави ова.

Се откажуваат од човек кој што е гение во својата област. Тоа го прават на многу гаден начин, без да му се искаже големо почитување. Галијани цело време зборува за стилот што го има Милан... стил кој што тој го изгради, а на крај се откажуваат од него на идиотски начин.

Не ми се пишува многу, а слаб сум и во прогнози. Го плукаа затоа што се ценкал за Ибра, Балотели, но само трансфери изведени на таков начин, беа шанса Милан да купи квалитетни фудбалери, со малку пари, затоа што големи велат дека немале. Човекот имаше контакти низ цел свет, нема подобар од него кога се во прашање преговори.

Сега останува да се надеваме дека желбата за докажување на Барбара ќе биде поткрепена со пари. Според имињата што се спомнуваат се бараат луѓе кои што ќе знаат да препознаат фудбалери, зборуваа дека ќе се работи и на скаутите, ако ништо друго барем да се надеваме дека ќе бидат повеќе храбри кога се работи за играчи кои се околу 10 милиони (како што беше со Стротман и други).

Да видиме прво како ќе се снајдат новите, колку авторитет ќе имаат, колку способност и колку Барбара ќе седи мирна, изгледа е бетер од Силвио. Тој беше повеќе ловец на слава, оваа мисли дека навистина се разбира во фудбал.


*****
Не гледам логика во тоа да се промени раководството, а да се чува тренерот, иако мислам дека без поддршката на Галијани, Алегри ќе биде во Милан најдолго до јануари.
Не гледам ни како ќе го решат прашањето за негов наследник со оглед на тоа дека сите кои се спомнуваа се под договор со нивните клубови и фактички треба да се купат, што би одело многу тешко.

Сидорф е новиот тренер, уште летово го сакаа Барбара и Силвио. Само што тој изгледа ќе дојде во јуни, а никој нема да прифати да статира до тогаш... Тасоти сакаа да го менуваат, па не верувам дека сега ќе се нафати да им прави услуга, Инзаги нема шанси да прифати, не оди тоа со неговиот карактер, тој се спремаше да го превземе Милан (поточно Галијани го спремаше, сега без него е друга приказна), затоа и Инзаги не беше за промена на Алегри, ако летово дојдеше Сидорф или некој друг, тој ќе мораше да заборави на тренерското место на подолг период. Можеби поради овие причини ќе го држат уште некој месец.

Ако нешто ми е интересно, возбудливо во сите овие глуопсти што му се случуваат на Милан, тоа е да го видам Сидорф како тренер.


П.С. Јас уште не сум 100% сигурен дека ќе си оди Галијани. Се коцка уште, а одличен коцкар е. Но, не знам што тој сака во моментов.
 
анкета на миланњуз за замена на галијани..
Pradé 64,78%
Paratici 15,97%
Sogliano 11,53%
Bigon 7,71%
искрено од сите овие погоре, најтаман човек според мене е праде.. со оглед на тоа дека другите се шефови или на некој дупка клуб или како што е паратичи - јувентус не се толку глупи да го дадат на конкуренцијата..
а и не е ич лош овој од фиорентина.. во 2 год таму успеа да донесе познати имиња - и да не го заборавиме гомез.. човекот од клуб кој секоја год игра во финале лш отиде во тим кој моментално игра ле.. сега има маани што донесе преку 50 играчи од средниот ред за тие 24 месеци, ама и нема некој приговор за тоа оти добар дел сега ја држат целата средина на фиорентина..
 
Кој и да биде ако не даваат пари џабе е,реално гледано и тој праде ги донесе роси,гомез на ист начин како галијани што ги донесе ибра и балотели,добри играчи што веќе не беа потребни во матичните клубови,секој од различна причина. Работата е еве и да нема којзнае колку пари,тие пари што ги има да отидат на право место,не може рома да им зема играч ко стротман,или тотенхем играчи ко лорис,ериксен,вертонген за 10-15 мил. не може да имаш 15 мил. и 12 од нив да дадеш за факинг Матри а ги имаш во тим Нијанг и Палоски на позајмица,и не,не било само желба на алегри,не е галијани од вчера па некој бивш тренер на каљари да му кажува кој треба да земе.
 
Каков Праде бе ... Фиорентина има поуличарски тим и од Милан

Уште не ми е јасно во главава дали ако прифатеше отказ за Алегри ќе му се десеше ова на Галијани... тоа е најголемата грешка а не Мезбах Закардо...
 
П.С. Јас уште не сум 100% сигурен дека ќе си оди Галијани. Се коцка уште, а одличен коцкар е. Но, не знам што тој сака во моментов.

Галијани јас радо би го задржал пред било кој човек на светот,само под услов да прекине да го полни тимов со просеци и после да дава глупи изјави ако некој не си отиде никој нема да дојде. Исто така да престане да ветува фејк проекти.

Башка,Барбара го избрка тоа е повеќе од очигледно,ама ако продолжат работиве како што тргнале или на полошо,навивачите не верувам дека ќе ќутат како до сега за се.
А и Берлускони,еднаш може да не биде класичен лажов и да пресече,ама да не ради публицитет и лажна надеж за фановите,туку да пресече со ќерка му,и да и објасни како стојат работите.

Што знам,може уште не е прекасно,а и да си отиде не верувам дека нема пак да се врати ко што реков,може и него ќе го вратат како што тој ги враќаше сите во Милан.
 
И ја мислам дека ова што му се дешава е ради Алегри, да дадеше согласност за отказ немаше да го избркаат. Што е негова грешка не е Алегри Фергусон па да му се даде таква слобода, ај бар да играше храбро и напаѓачки па да речеш немаат среќа губат он се брани игра ко да е тренер на Каљари не на Милан и пак губи од кој ќе стигне, епа неможе у Милан тоа, сам се заеба Галијани никој не му е крив.
 
а што играчи сакаш да ти донесе што земаат под 1 милиони плата и можеш само без пари да го земеш???? Иначе Матри Желба на Алегри а не галијани...
Ако Алегри го побарал Бориело значи и него ќе му го донесеа нели?
Матри зема 2.5, овие другите 1-1.5 мил.
Траоре 1.2
Констант 1
Мунтари 1.5
Силвестре 1.1
Тука е и Бонера 1.3
Која корист ја има од старците Закардо+Силвестре и нивната плата која вкупно е 2 мил?
Дали размисли Галијани пред да започне преговори за овие играчи?
Па подобро ќе ги вратам децата кои се по позајмици отколку овие идиоти кои пола сезона ќе бидат повредени.
Секако со него сме катастрофа кога се во прашање трансферите од 2007 па до сега, така да сеедно ми е кој ќе дојде. И да остане ништо нема да се смени.
 
Ако Алегри го побарал Бориело значи и него ќе му го донесеа нели?
Матри зема 2.5, овие другите 1-1.5 мил.
Траоре 1.2
Констант 1
Мунтари 1.5
Силвестре 1.1
Тука е и Бонера 1.3
Која корист ја има од старците Закардо+Силвестре и нивната плата која вкупно е 2 мил?
и кај ќе најдеш квалитетен играч со овие бројки.??? толку пари му дава берлускони...епа со тие пари може само ѓубре да се собира...и ретко да се погоди некој како поли на пример...ќе плачеме по галијани ...да му дадеше Берло 60 милиони буџет сега ќе бевме први...ама ете...Ќе отиде во ПСЖ ќе ги направи европски шампиони и ќе жалиме што сме направиле ваква глупост...
 
Пак Алегри крив. :)

Многу површно гледање на работите, не се работи за еден случај, за една одлука...

На крај ќе излезе дека Барбара ќе го избрка Галијани, за да го спаси Милан од Алегри.
 
Не е само за Алегри, Алегри (и Матри) се капката што ја прелеа чашата. Според мене Силвио е незаинтересиран за Милан а Барбара е презаинтересирана, дрека по дома за Милан ко девојче што дрека за Барбика, а Алегри и беше само бонус кај Силвио. Плус ако се додаде дека не ги одобри и Касано и Балотели, а Галијани сепак го заобиколи и ги донесе, мислам дека е ова беше доволно да се повлече потегов од негова страна.
Можда е површно и во стил на Панче, ама озбилно мислам дека Силвио е излапен и дека нема контакт со светот многу одамна, 70 и кусур годишен човек ( психички прашање колку стабилен) што води империја, под тежок удар од сите страни минативе 10 години, приморан да врши тежок мултитаскинг со години веќе , едноставно сака да симне една секирација од врат и тоа е тоа.

Ја мислам дека ова ќе биде поголема катастрофа од сите играчи што ги дал Милан заедно. Вакви глупости прават од Милан- Болоња. Не гледам решение што не вклучува тешки милиони за играчи што Милан како клуб ги нема. Галијани можеше да го одржува Милан на некое средно ниво (минативе 7-8 години) без некои потреси, а ако он е докажан во ова не знам што ќе им е друг, ама добро. Нека си поигра и Барбара па нека си фати нов дечко.... Суљо да даде Господ !
 
и кај ќе најдеш квалитетен играч со овие бројки.??? толку пари му дава берлускони...епа со тие пари може само ѓубре да се собира...и ретко да се погоди некој како поли на пример...ќе плачеме по галијани ...да му дадеше Берло 60 милиони буџет сега ќе бевме први...ама ете...Ќе отиде во ПСЖ ќе ги направи европски шампиони и ќе жалиме што сме направиле ваква глупост...
Како бе наоѓаат Порто, Атлетико Мадрид, Дортмунд, а ние ги познаваме само Џенова и Парма.

Колку играчи се следеа во Бразил, Аргентина, Белгија, Холандија... ниедно не им фати око? Следиле 100 таленти, а на крај ќе донесат некој како Бурдисо. :D

Те ова е тоа што ме нервира кај стариот. Веќе две сезони се планира да се донесат Кучка и Лоди, а децата се даваат на позајмица или се дава 50% од договорот.
Bryan Cristante will consider a January move away from Milan if he continues to struggle for action.
 
Сиот респект за Галијани , овој човек ја одбележа најуспешната ера на Милан.
 
Не е само за Алегри, Алегри (и Матри) се капката што ја прелеа чашата. Според мене Силвио е незаинтересиран за Милан а Барбара е презаинтересирана, дрека по дома за Милан ко девојче што дрека за Барбика, а Алегри и беше само бонус кај Силвио. Плус ако се додаде дека не ги одобри и Касано и Балотели, а Галијани сепак го заобиколи и ги донесе, мислам дека е ова беше доволно да се повлече потегов од негова страна.
Можда е површно и во стил на Панче, ама озбилно мислам дека Силвио е излапен и дека нема контакт со светот многу одамна, 70 и кусур годишен човек ( психички прашање колку стабилен) што води империја, под тежок удар од сите страни минативе 10 години, приморан да врши тежок мултитаскинг со години веќе , едноставно сака да симне една секирација од врат и тоа е тоа.

Ја мислам дека ова ќе биде поголема катастрофа од сите играчи што ги дал Милан заедно. Вакви глупости прават од Милан- Болоња. Не гледам решение што не вклучува тешки милиони за играчи што Милан како клуб ги нема. Галијани можеше да го одржува Милан на некое средно ниво (минативе 7-8 години) без некои потреси, а ако он е докажан во ова не знам што ќе им е друг, ама добро. Нека си поигра и Барбара па нека си фати нов дечко.... Суљо да даде Господ !



Значи се работи за изговор, барање повод, а не причина, тоа е најважното.

Му замериле за Матри?! А, тој да им замери за Пато? Колку изгуби Милан затоа што го чуваа, а тој беше за негова продажба. Вака може да се редат многу случаи...

И јас мислам дека Силвио сака да си симне една секирација од врат, Барбара е премногу амбициозна (верува дека знае и дека може поинаку да го води клубот, а се гледа во интервјуата дека верува во себе и мисле дека ќе успее, иако не знам на што ја темели таа доверба:)), сака целосна контрола, да биде главна, а тоа тешко со Галијани, а ниту тој ќе дозволи да биде во таква подредена положба, ако веќе имал претходно голема доверба од Силвио.

Веќе подолг период песимистите се во предност кога е во прашање прогнозата за иднината на Милан. Јас не би им се спротиставил сега. Само се надевам дека нивната теорија ’што полошо - тоа подобро’, наскро и ќе даде резултати. :)
 
Каков Праде бе ... Фиорентина има поуличарски тим и од Милан

Уште не ми е јасно во главава дали ако прифатеше отказ за Алегри ќе му се десеше ова на Галијани... тоа е најголемата грешка а не Мезбах Закардо...

:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom