одбраната ни е толку срање што губиме еден играч во средината - ДеЈонг кој игра скоро цело време назад.
За диамант средина ни треба еден дм еден цм еден б2б и еден амф.
Амф си е кака, цм си е монтоливо, б2б мунтари, дм дејонг арно ама поради тоа што дејонг игра назад ние ја губиме оваа позиција и мунтари мора да ја порива и оваа позиција. Затоа Алегри не го става Поли да игра како б2б, бидејќи не го бива и да ја покрива позицијата на дм на дејонг.
Во првата утакмица Монтоливо беше изгубен баш поради тоа што мораше да покрива 2 позиции. Бидејќи играше со Поли и Ноче кои двајцата шибаа напред, а Монто мораше да ги покрива и двете позиции и цм и дм.
Монто мора да има еден коњ како боа во улога на б2б до себе за да може да си го искажи потенцијалот.
Можи формацијата ни беше 4-3-3 ама боа како десно крило секогаш ја размрдуваше средината и играше и како б2б.
Зимово мора да се купи еден квалитетен ЦБ како Астори, со тоа дејонг би играл само на средина и Поли ќе може да игра прва постава како б2б. Како и да е, би сакал да го видам Наиголан во наш дрес како б2б додека Поли создрее како играч. Исто така ме бендиса и Жоргињо како замена за Монтоливо, многу подобро решение отколку Чаби Алонсо. Колку и да е добар играчот едноставно неможам да го заборавам Истанбул. За жоргињо можевме да го земеме за евтини пари 7 милиони лани, ама сега ќе ни требаат најмалку дупло.
Парите од ЛШ бонусот не се искористени, па се мислам дека би се зеле 2 јца од: Астори, Наиголан, Чаби/Жоргињо.
Ќе видиме како ќе се покажи Матри, јас бев резервиран за овој играч. Со негово земање го зголемивме ростерот на напаѓачи што значи нашиве решиле да се борат на повеќе фронта со еднаква јачина.
Од скала од 1 до 5 јас му давам 3ка на трансфер рокот. 3 ката си ја заслужија со купување на Поли и Сапонара и враќањето на Кака, а не добиа 5 ка заради продавање на Боа и некупување на ЦБ.
Моја прогноза е дека на 1 јануари 2014 ќе бидиме негде 4ти.