Да си кажам мислење за Черчи и сличните.
Конкретно Черчи не го сакам од појше причини. Прва е што никогаш не сум сакал играчи чија главна карактеристика е брзината, а се друго после неа. Као на пример Абате што е, оној Вајс од Пескара, Одонкор на времето

и да не набројувам. Не сакам такви тркачи во тим, поготово не, кога имаме преочигледен недостаток на техника во тимот. Покрај Мунтари, Фламини, Ночерино, Траоре, Антонини, Абате и така натаму, кои појма немаат што со топката, нас ни требаат играчи кои имаат друга доминантна карактеристика пред брзината.
Втора причина што не го сакам Черчи е тоа што негов трансфер кај нас, посебно по барање на Алегри, би значело останување на 4-3-3 формација која јас не ја сакам, ама ич! Не сакам Милан да игра со крила, сакам класичен треквартиста зад двајца напаѓачи.
Мислам дека Алегри со тоа што го форсира Нијанг како десно крило, го губи потенцијалот кој Нијанг го има во себе. Греота е млад, брз, физички силен напаѓач, со страшен шут да игра по десна аут линија. Нијанг е напаѓач и не сакам да игра десно крило затоа што мислам дека таму не покажува и нема како да покаже се што знае. Треба да игра поблиску до гол.
Сега ми е и страв да не го форсира Сапонара по десно крило, кога е очигледно дека Сапонара е класичен треквартиста и тоа му е најоптимална позиција. Ќе речете дека одма очекувам не знам што од Сапонара, ама очигледно е дека дечкото има огромен потенцијал. Прашањето дали ќе успее во Милан или не, е прашање само на ментална спремност за голема екипа. Се друго потребно за да израсне во солиден, ако не и светска класа играч - има.
Последната сезона на Шарави во Серие Б, во Падова му заврши со 9 гола и 2 асистенции, Сапонара има више дабл-дабл учинок, чисто за споредба.
Можда во репрезентација игра као десно крило, ама тоа што го покажува во Емполи е далеку појше.
Трета причина поради која не го сакам Черчи е тоа што сметам дека не е играч кој може да ја донесе таа разлика во квалитет која му треба на Милан. Можда е солиден, ама недоволен.
Сакам играч кој може за Милан да го напраи тој скок во квалитет. Она што го направи Балотели во нападот после јануари.
Милан више не смее да си дозволи закрпки као Черчи, играчи кои се океј за на клупа. Ни треба најмалку еден играч кој на менаџер би бил
key player.

Играч кој ќе напраи разлика на терен. Во напад такви имаме, во средина засега е само Монтоливо. Де Јонг тек треба да се види, зошто реално, немавме можност многу од него да видиме. Сега таков ни треба во одбрана.
Нека биде тоа и Огбона и било кој, кој ќе го одберат и донесат за таков. Дали ќе промашат во проценка е друго прашање. Битно е да имаат намера, кога ќе го купуваат да биде тој key player. Никако играчи за кои од старт се гледа дека се земаат само за да “се најдат, можда ќе се погоди“ од типот на Траоре или Чивели.
Под услов, Де Јонг да се покаже најдобро што знае, Сапонара да се снајде, Боатенг да се повлече во средина, средниот ред и може да помине без поголема инвестиција, со земање на некој со потенцијал, кој би се чекал, као Жоргињо или не знам, да не лупам, мислам на некој поевтин, ама одбраната никако не смее да помине без купување на играч кој ќе биде земен со намера да биде ПРВ и НАЈДОБАР штопер во Милан.