И треба да го баталат Бразил, моментално тоа е пазар за тие што сакаат многу да трошат. Фудбалери со сличен квалитет може да се најдат во другите држави во Јужна Америка, а да не се толку скапи.
Треба да почнаат со инвестиции во одбрана, а не во напад. Уште зимово мора да се земе еден централен бек, тоа е приоритетно. Покрај имињата што се спомнуваа летово, продолжија со барање на нови одбранбени играчи, па се појавија неколку нови имиња, доста се збореше за тој Романецот. Запата најверојанто нема да биде откупен. Можеби ќе направат добар избор со нов дефанзивец. Чудно е што во Италија нема речиси ништо интересно да се купи во одбрана, што е жално за држава која секогаш можела да се пофали со добри дефанзивци. Астори и Огбона се највртените имиња, но и тие се далеку од врвот.
Потоа е потребно инвестирање во средина. Мора да му се најде партнер на Монтоливо. Амброзини е стар, а ДЈ за мене е најголемо разочарување. И тоа потребен е покреативен играч од ДЈ, затоа што Монтоливо ако нема да може да игра поради некаква причина, има да биде доста зафркнато. Стротман е интересно решение, а во ваква формација и Кристанте би се снашол добро, од следната сезона би требало да добива шанса. Траоре, Фламини, Страсер и уште некој таков сигурно ќе си одат од Милан, прашање е само кој ќе остане до крај на сезона, а кој уште во јануари.
Ако се продолжи со ваква формација потребно е да се земе и некој кој ќе игра десно, но тоа дури летото доколку во јануари не излезе нешто екстра. Емануелсон и Боатенг можат да покријат ова сезона. Башка и да се види дали има место за Боатенг или треба да биде продаден. Исто и Бојан треба да се користи до крај на сезона како АМ да се знае што треба да се прави и со таа позиција, а и со него. И Робињо е потребно да ја изгура целата сезона, може да биде корисен во вакви моменти.
Пато и Пацини нека гураат до крај на сеозна, за да се види дали воопшто може да се рачуна на Пато или и тој следното лето ќе треба да се пакува.
И голман е потребен.
Кога ќе се погледне новата сеозна, и доколку се види кој може да игра во новата формација, и воопшто како игра ова сезона, излегува дека Милан не ги изгубил само Ибрахимовиќ и Силва, двата најдобри играчи, туку и Боатенг и Ночерино, кои беа првотимци и некаде веднаш зад нив. Освен Мексес и Абате (добро и Абиати), всушност првиот тим целосно е нов, Пато и така не играша цела сезона.