Ова коа ќе прочитам дека Меркел требало да го вратиме и да играл прв тим, ми се плаче и не можам да веруам колку површно се гледа на работите овде. Човекот во Џенова две сезони не може да се покаже и докаже, скоро никогаш не покажал ништо посебно и сеа требало да се враќал.
Дали го имате Ели гледано некаде? Освен 20 минути на пријателска летоска?
Габриел е земен на 18 години, а во екипа имаш голман кој е роден и цел живот скоро е во Милан. Кој тренер би го играл Габриел пред Абијати и Амелија здрави, на 18 години од прва сезона?
Еден Лорис мора да се докаже за да игра пред дедоно во Тотенхем, па не Габриел.
И овој Сисоко коа ќе го прочитам ми се плаче. Во кој тим и да отиде, гледаат што побрзо да се ослободат од него, никој не може да го продае никому. Витсел го спомнувате само затоа што е земен за голема сума пари, го немате гледано освен против нас коа играше. Далеку е од тоа дека засега ја оправдува таа цена.
Нијанг не добил шанса. Па кога да добие шанса бе? 3 проблеми напраи уште не дојден. Поминати се само 2 месеци од кога дојде. Нема ни 18 години. Дојде во напад во кој има 5 души кои се пред него во хиерархијата. Доби шанси во Примаверата, а и таму не ги искористи. Сигурно ќе добие и во прв тим, ама полека.
Челзи ни го зеле Оскар од пред нос, ние први сме го знаеле и сме можеле да го земеме за 4 милиони.

Стандард, туѓото е поубаво. Прво и основно. Оскар е репрезентативец и и да е вистина тоа дека Милан прв го видел, сигурно не можел да го земе за мали пари, затоа што одамна во Бразил почнаа да изводат со цените. И сигурен сум дека ако Галијани го донесеше Оскар коа никој не го знаеше, овде ќе се плукаше. “Донесоа некој анонимец, некој Оскар, наместо Монтоливо да им го џапнеме на Фиорентина за 5 милиони, еве му истекува договорот за година-ипол.“
Можел Милан и Чави на 17 години да го земе, ама цигани, врска немаат. Еве го Чави сеа ломи.
Исто и Меси на 15 години сме можеле за 500 илјади да го зееме.
Ел Шарави сеа ни е омилен на сите, а коа дојде беше анонимец и сигурно можам да најдам коментари од истите експерти овде кои сеа се праат паметни, за тоа како циганите дале пари за некој анонимен Ел Шарави, наместо фино лепо да си го купиме докажаниот Форлан за тие пари.
Вака сеа отстрана коа гледаме сите сме експерти, не?
Колку само да се речело нешто.