Ваков развој на настани го брка Ибра од екипата и ништо чудно и да го продадат со оглед дека и овие почнаа ептен да се стискаат до тој степен да мораа Пато да го дадат у француски тим за да го земат Тевез ...

Се задоволија со Лопез ( профил на играч кој најмалку им беше потребен у напад ) и ... Мунтари
Да потсетам само дека Мунтари лани отиде во Сандерленд, позајмица со право на откуп од 6-8м евра ( незнам колку точно беше ) со тоа што ќе мораа да го земат ако изиграше 8 натпревари, они 6 го изиграа и толку, не го ставаа веќе, го нејќеа ... Сандерленд човече, за нив не беше добар.
Нејсе, муабетот за Ибра ми е дека во Интер си отиде токму поради ова, не веруваше во проектот на тимот за освојување на ЛШ иако таму Мурињо му беше тренер и плус Мота и Милито ги донесоа веднаш штом заврши сезоната, али он запна за Барса каде имаше загарантиран успех и минимум полуфинале во ЛШ.
Нели излегоа и муабети пред година дена и повеќе ( пред летото ), дека наводно му ветиле јак проект, и сам тоа го изјави, не е ова случајно, и ете, се десија проблемите со онаа казната на Берлускони и моментално реално, тимот делува просечно, и подпросечно кога е во прашање екипа за голем трофеј во ситуација кога ги нема Пато, Ибра и Боатенг. А и со нив во тим, да не се лажеме, за успех во денешно време у ЛШ треба многу повеќе, доволно е само да се потсетите каква средина имаа -Милан во периодите кога освојуваа ЛШ.
Ибра е убедливо најплатен фудбалер во тимот а и во Италија, ако се стискаат вака во иднина ништо чудно пак да бара трансфер некаде ем и он да отиде во тим кој него би го направил сигурен за сериозно конкурирање во ЛШ ( Сити или Реал ), ем да ги ослободи Милан од давање 10м евра годишно само за него, и плус да им убави у буџет едно 30 до 40 па да можат да донесат играчи од средина и уште еден универзалец напред.
п.с. Уште еднаш се покажаа смешно муабетите за староста, Пирло ја би го играл у екипа дур е способен да оди, и тоа е еден голем фејл што го дадоа на еден од своите најголеми ривали каде сега е главна алка во екипата.