Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Штета за Касано. Фантастичен фудбалер со на моменти тежок карактер, али голем фудбалер и човек ! Моите мисли се кон неговото заздравување !

Forzza Cassano !
 
LOL? Оваа некоја неоткриена болест ли е?

Сепак има сеуште шанса да заиграат и двајцата, не бидете песимисти, не се ни помислува дека е крај на нивните кариери.
Хахахаххахаха, е добро де, така некако е :D
 
Какви неверојатни работи можат да му се случат некому од нигде никаде... Животот е еден педер. Многу ми е мака за човеков, многу го сакам и сум го почитувал отсекогаш и му посакувам враќање на терените... Макар кога и да се случи тоа. :(

294762_10150365715716948_345458901947_9764012_772164849_n.jpg
 
Жалосно е ова што му се случува на Касано, од кога дојде во Милан се смири, се врати во форма, лани многу помогна во освојувањето на титулата. Почетокот на оваа сезона статистички е најдобар играч на Милан, Алегри исто така имаше изјава дека ќе има сезона на кариерата. Во репрезентацијата е лидер, ја доби десетката од Прандели, се очекуваше од него да ја предводи Италија на Европското идната година... Дај боже да се опорави што побрзо и да нема последици од ударот, па повторно да го видиме стариот Касано.
 
Фала дечки, ништо посебно сепак, ако на некој му треба PSD да додаде/измени нешто нека пише ПП :).
 
Уште нема никој официјално искочено да коментира за ситуацијата... додека не видам официјално јас не верувам во ништо јас и така неверувам... Антонио бе како да верувам како може на тој човек да му се деси тоа?

Најмалку што треба во моментов е медиумиве да му ја кројат кариерата и нејзиниот крај!

Allegri: "A stroke? The media is giving false information."
 
Агентот на Касано: "Мозочен удар? Докторите не ми кажаа ништо за ова"
Дали ова е измилица од медиумите или е навистина точно ќе видеме.
Галијани: Сe слушнавме на телефон, ми се изгледаше смирен и во добра состојба
Mексес е успешно опериран се очекува враќање за 20 денови освен ако нема некои компликации.
 
Верувам дека цел фудбалски свет, сите навивачи, без разлика кој клуб го подржуваат, моментално се зад Касано и му даваат целосна подршка да се врати на терените. Forza Cassano!
 
Дијагнозата е поставена од медиумите, но симптомите како што знам се официјални. А еве википедија што вели за симптоми од мозочен удар

  • Слабост или парализа на лицето, раката или ногата
  • Лоша координација или рамнотежа
  • Тешкотии со зборување или разбирање
  • Тешкотии со голтање
  • Проблеми со видот (заматен вид, дупло гледање или губиток на видот)
  • Здрвеност или губење на чувството по една стана на телото
Ги болдирав тие што се спомнуваа за Касано дека ги има...

Него да, баталете ова доволно беше. Најдобро да се почека и да се види што му е всушност. Инаку што се однесува до натпреварот со БАТЕ Борисов некој спомна дека се игра во 18:00, па има потврда дали ќе го даваат на канал 5?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom