Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
На 3 утакмици примаме 7 гола,а минатата година 7 голови дали примавме на 15 утакмици ...Катастрофа невидена утакмицава ја гледав негде до 60та минута и Наполи си правеше контри како да игра против Варезе а не против Милан.Нашиве накуречени до даска беа дали им беше што Македонија го изгуби дуелот за бронза или што им беше стварно незнам но знам дека Алегри после ова ќе им одржи добра лекција.Јас разбирам имаме многу повредени но она што го играа ако може така да се нарече ми личеше на типична Македонска прволигашка утакмица.Дадовме што дадовме први гол и после тоа по 975473264пат примаме гол од прекин.После тоа не фатија на контра и веќе полесно беше за нив да играат а нашиве се понашаат како да имаат водство.Во прво полувреме преку сила имавме 4 удари на гол што страшно ми оди на нерви исто како што ми оди на нерви кога ќе почнат да играат ала Барса со 500 додавања во напад.
Нека берат памет зошто во спротивно можат да се опростат од скудетото и од настап во ЛШ наредната сезона.
 
Пато најнормално си игра, 1 утакмица изигра, 3 го снема... Касано исто доста неконстантно, како да го гледам мачниот Милан од 09/10 без Ибра, кога се мачевме против ваквите екипи иако Наполи е нешто посериозно од тоа... Колку ли ни фалат Ибра и Робињо да се добие динамика во нападот, а не чекање од страна на Пато и Касано.. па и еден Рино да внесе борбеност во средината, а не ван Бомел, поарно пуканки да си земеше да го гледа Гаргано како го прешишува..
 
срамота за бројката на легендата, одма да му дадат 77 на пато!
Сега 77ка да му дат, а некни со барса најјак во цел свет беше, така?
 
Сега 77ка да му дат, а некни со барса најјак во цел свет беше, така?
па и не би рекол, пошто освен голот ништо друго не видов од него
ако дал гол со барса, не значи дека е најдобар во свет и легенда ...

дечкото е едноставно просек, освен брзината ништо нема
нека се враќа овај ибра, неможам да го гледам пато со неговите препроменливи игри. една утакмица го има, 3-4 го нема
 
Кога почна првенството си велев и од Интер нека изгубат само не од Наполи. Ненормално ја замрзев ова екипа од лани. Одвратни ми се, од оној лудиот претседател, преку Кавани до нивниот доктор. А токму Кавани ни шибна три гола, што ти е живот... :)

Пато и Касано не можам да ги гледам веќе во напад заедно... Тоа ми е помачно и од Бонера и Антонини заедно во одбрана.
 
Шарави влагање, прв контакт со топката и ни едно ни две, фап ќе дрибла двајца, втор контакт ги дрибла и шутира одалеку.
Трет контакт Касано у шанса го стави !!

Дрско младо момче, овој ќе биде или Кака или Балотели, дека има енормен талент има, покажа у само 5 минуте !!

И то, за мечов не ми се прае муабет, само ќе кажем дека Бонера беше добар !!
 
Ја глеав утакмицата и тоа сега реприза, заслужена победа на Наполи, едноставно Наполитанците си изиграа одлично, и доста грешки од наша страна. Според мене флоп на мечот беше Ван Бомел, тука некаде после него идат Сидорф, Касано и Пато.

Зошто Ван Бомел флоп, затоа што неговата работа е да прекинува акции на противникот, а вечерва не само што не прекина ниту една туку и го поминуваа како мало дете кој кога стигне, да му дозволиш на еден Гарган(њ)о кој има дриблинг еднаков на тој на Гатузо да прави слалом низ средината на теренот и притоа да асистира за гол, е тогаш значи стварно си бил муле на теренот.

Сидорф до некаде и очекувано со оглед на тоа дека играше во вторникот знаеме дека тешко да сврзе два натпревари на ниво, не беше толку лош, но како што кажав играта беше загубена на средината, а и тој како Ван Бомел не ја заврши својата работа, организирање на играта, можеби не требаше да стартува денес но ајде..

Касано и Пато беа отсечени, имаше по некоја шанса воглавно Пато но многу некако избрзува со реакцијата, очигледно е дека фали во тимот еден Ибрахимович кој умее да ја смири топката, привлече два-тројца играчи и отвори простор за другите - е токму ова фалеше денес во нападот.

Аквилани од досега прикажаното во оваа и утакмицата со Лацио го потврдува моето мислење дека ќе биде одлично засилување, само што грешката ако може да се каже е што Алегри го игра зад напаѓачите, а се надевам дека таму го игра само принудно поради повредите на Боатенг односно Робињо, многу повеќе има да понуди доколку биде вратен поназад било на позицијата на која што вечерва играше Сидорф или онаа која ја играше Пирло кога беше дел од тимот.

Ел Шарави е многу јак луѓе ! Има одличен дриблинг, одлично движење со топка, добро додавање и добар шут, доволни беа само 5 минути за човек да примети дека е стварно голем талент. Новиот Баџо :icon_lol: :cool:

И да, да не го ругам Бонера дека стварно не изигра лошо, барем не како што сме го навикнале, ама па не беше ни сјаен, да напоменам само дека тој ја згреши за третиот гол и то. :icon_mrgr:

Ја сепак мислам дека не ни беше денот денес, а дали е точно ќе видиме уште во Среда против Удинезе, лани се покажаа како незгоден противник и два пати ремизиравме, сега се без Санчез, Инлер и Запата но сеуште го имаат Ди Натале :D. Сепак мечот за нас е must win ситуација и едноставно мора да ги добиеме.

п.с. Има ли некој информации за евентуално враќање на Ибра, Робињо, Таиво ??
 
Од прикажаното на последните натпревари според мене најидеална формација би било

...................Абиати..................
Абате...Силва...Неста...Таиво
.................Ночерино................
.....Сидорф..........Аквилани.....
..................Боатенг..................
............Ибра...Касано...............

Се двоумам само за тоа дали треба да си ги променат местата Аквилани и Боатенг и дали десно средина да игра Сидорф или Гатузо. Во секој случај мислам дека со Ночерино назад потешко противникот ќе може контра да развие преку средината, нешто што цело време преферираше Наполи синоќа и успешно им идеше оти Бомел имаше проблеми да ги спречи.
 
^ Ночерино таму да игра.. тешко да го стави Алегри таму, за таа позиција треба зрелост и искуство(ван Бомел / Гатузо)...

И лани имавме лош старт на сезоната и ја загубивме првата на гости и после имавме неколку реми... Да ни се вратат повредените ќе ќинеме се живо и диво.
 
Ночерино ако игра вака нема шанса да заигра Гатузо и кога ќе се врати.Слаби ни беа напаѓачите и двајцата отсечени слабо играа имавме некоја шанса таа на Аквилани на 2-1 сам кога испадна му ја фати Де Сантис и тоа е казнија после.Кога поведовме 1-0 одма ни вратија никаков гол се одби директно кај Кавани инаку 0-1 ќе завршеше.
 
^

И лани имавме лош старт на сезоната и ја загубивме првата на гости и после имавме неколку реми... Да ни се вратат повредените ќе ќинеме се живо и диво.
Лани ко шо се секаам првата ја тепавме на домашен 4:0 само не ми текнуе со кој беше !!
 
Ги спасија кошаркариве инаку уште ќе ги пцуев :D
За во среда се враќа некој од повредениве ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom