Баш тоа сакав да кажам. Каков Дортмунд купи - продај битпазар мајнсет. Уште недојден му направи план каде и за колку ќе го продаде у случај на успех и неуспех.
Среќа постојат глупи англичани со пари и со панични купувања како 40мил за Тиав.
Замисли вака Берлускони и Галијани да размислувале кога ги купувале Шева, Руи Коста, Кака, Кафу, Стам ...
Не дај боже ќе дојде некој како Малдини со фудбалски морал во денешниов фудбалски бизнис и ќе го пушти да си оди како слободен играч или уште полошо ќе го чекаме 7-8 сезони како Леао да се уозбили и да стане сериозно квалитетен фудбалер.
И со двете сценарија Милан губи и не добива ништо.
Со бизнис моделот на водење продажбата на фудбалерите ќе биде клучна за балансирање на финансиските книги на клубот и ќе се вадат пари за купување на нови млади фудбалери.
Челзи ова го прави веќе неколку сезони.
Со ова Милан ќе се обиде да изгради долгорочен младински проект со надеж дека ќе донесе траен успех во иднина и многу победи.
Али новинарите другарчиња на Алегри, кои во 5 до 12 креваат паника, веројатно во дослух со него, по очајниот старт, како овој вчера да дојде и цело време да бил на страна и ништо не знае.
Ако му ги донесат Рабио, Влаховиќ, нека го израдуваат и со син му Де Шиљо, ќе може да победи дома против Кремонезе, па не мора сите медиуми да го штитат од вакви жални порази.
Ист филм гледавме и со Пиоли, кој освен што беше во ваков љубовен однос со медиумите, секогаш кога ќе тргнеше лошо, "удираше" по новите фудбалери, ги ставаше на клупа и потоа се ширеше наратив, како засилувањата се утнати, не е проблемот до него и сл.
Така му направи на Малдини со Де Кетеларе, а и следната сезона кога тргна лошо почна да го става Рејндерс на клупа.
Се надевав дека тоа што Алегри е миленик на повеќето новинари, медиуми, ќе го искористи како брана, но тој после прв кикс, кој оди најмногу на негова душа, ги користи само во негова заштита, а со ширење на црнилото, како да не беше доволно изминативе години, плус ова со навивачите.
За Фонсека немаше оправдување, додека го бушеа медиуми и "сенаторите". Исто ќе беше и во оваа прво коло на клупа да беше странец и да изгубеше од Кремонезе.
Една од битните работи кога купуваш фудбалер е да можеш утре да го продадеш. За тоа, освен кого купуваш, важно и каков договор има.
Тоа се виде ова лето, друго е кого требале да прпдадат, морале, кој сакал да си оди и слично.
Проблем е што уште од првата конференција на Таре и носењето на Алегри не ми е јасно што ќе се прави со влезни трансфери.
Во среден ред, најмногу нешто се работеше, но сега ете фалел некој по вкус на Алегри, а од тоа шѕо беше планот за таму, единствено стигна Ричи место Џака. Сега излегува дека и таму ништо не е направено како што треба, доколку има вистина во овие шпекулации.
И за одбрана, да не се повторувам со исти муабети неколку месеци.
Единствено можам да го разберам незадоволството во однос на напад. Затоа што Таре и Алегри, кажаа дека им треба поинаков профил нс напаѓач и некој квалитетен.
И доколку за ова прашање постои консензус, логично е таму да се вложат нешто пари во 5 до 12, но сега излезе дека ќе треба и на други позиции да се вложува, а цело лето не можеа да одлучат кој им треба за напад, освен што се надеваа дека Влаховиќ ќе намали плата, кој патем под Алегри немсше развој каков се очекуваше, завршуваше и на клупа.
Автоматски споено мислење:
Во петок, во напад ќе игра Хименез, кој е на мета и не е сигурно што со него, Пулишиќ, Салемакерс и тоа е се? Дури и малиот Хименез е на излезна врата.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.