Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Или ќе се иселиш од Милано или нема пичка :icon_lol:
 
Кутриот Мората жената му се разведе од него бидејќи не сакаше со четирите деца да се сели од Шпанија во Милано а сега само што се помирија ќе треба да се сели во Турција или можеби условот за помирување бил Моратада оди било каде само да не остане во Милан.

Како и да е идејата за Мората во Милан беше неуспешна која ја иницираше Ибрахимович.

Од другите новости Камарда во Монца на сува позајмица,ако грее клупа таму и не добива минутажа нема поента позајмицава.
 
Мората не беше проблем додека Милан се обидуваше да игра нешто, макар и да одело лошо. Се виде тоа веднаш кога пристигна. Беше еден од подобрите, сетете се на дербито и други такви натпревари.

Потоа го изеде и него ова сивило во и околу клубот, а и така ментално никогаш не бил најсилна личност, плус повреда и на крај промена на тренер и друг стил на игра кој не му одговара.

Дури и ваков, имал барем некој период каде покажал нешто. Некои ѕвезди и миленици на навивачите, немаат ни толку.

А ретко кој ова сезона повеќе бил добар, отколку лош или немал барем месец дена црн период.
 
Овие се обидуваат да направат нешто, што ако сакаш да го направиш убаво и темелно, се прави во летен преоден рок.

Ќе дојде јули, пак ќе немаат храброст, подршка веќе немаат после неколку промашувања.
 
Ибрахимович ја усра цела работа,го донесоа да биде авторитет но нема никакво позитивно влијание над играчите ниту одлуките во тимот.
Требаше веднаш да бидат санкционирани Тео и Леао после утакмицата со Лацио но не се случи тоа па играчите видоа дека можат да си играат курташак без никаква одговорност и никакви последици,потоа се случи циркузот на Абрахам и Томори против Фиорентина,па испадот на Калабрија и Мората против Консеисао.
Треба да се разбере дека ниту еден играч не е поголем од клубот.
Сега работите се излезени вон контрола во соблекувалната.
Нема тренер што може да воведе ред во ростерот.
После утакмицата со Рома Ибрахимович го праќа Фонсека на прес да дава изјава па го отпушта наместо веднаш да му каже дека е избркан.
Одлуката на Ибрахимович да го донесе Мората се покажа дека е погрешна,да видиме што ќе испадне со Вокер.
 
И од Мората толку, исто Торес пред 10 години една полусезона никаков придонес, овај само со некој гол плус.
 
Нека продадат сѐ што може да се продаде , макар останале тенки и без замени на некои позиции. Сезонава е и така пропадната, а дотичните слепци на лето ќе вредат уште помалку.
 

Ако е точно ова тогаш е пропуштена шанса да се ослободат од него,никогаш нема Милан да добијат поголема понуда за ашлаков,требало да го убедат.
 
Последно уредено:

Сеуште не ми е јасно што значи советник на газдите и исто така вклучен во комерцијалните работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom