Аман колку пати треба да се објаснуваме за спортскиот директор Малдини.
Човекот како спортски директор имаше добри потези но сепак лошите потези преовладуваат и се фатални за него и за Милан и се чувствуваат и до ден денес.
Марко Џанпаоло беше лично избран од Малдини но среќа брзо го отстранија и дојде Пиоли да ја спаси ситуацијата.
Од оваа гледна точка Крунич,Тео,Леао,Бенасер,Ребич,Калулу,Златан,Кјаер,Томори,Мајк,Флоренци,Жиру,Адли да речеме дека се погодија трансферите но Салемакерс,Бегович,Диаз,Тонали,Тата,Хауге,Далот,Меите,Манџукич,Бало-Туре,Бакајоко,Месиас,Пелегри,Миранте,Лазетич,Ориги,Кетелар,Вранкс,Дест,Васкез сите промашувања.
Иако Малдини одигра огромна улога во некои многу успешни трансфери,
тој не беше човекот што ги скаутираше повеќето од овие играчи.
Монкада е човекот кој ги пронајде фудбалерите кои се познати сега и се костурот на Милан но никој не знаеше за нив пред помалку од две години како Калулу, Чао, Леао, Бенасер и Тео.
Монкада исто така откри и други имиња како Енцо Фернандез и Хулијан Алварез кои преку него беа понудени на Милан но Малдини не сакаше да ги потпише.
Малдини се одлучи за Дивок Ориги наместо Рандал Коло Муани кој го препорача Монкада и за истата плата што му ја понуди на Дивок Ориги можеше да го има Пауло Дибала.
2022 целото лето Малдини го потроши во преговори со Ботман и Ренато Санчес за на крајот да не испадне ништо од тоа.
Малдини исто така не успеа да ги продолжи ниту да ги продаде Хакан,Ромањоли,Кеси и Донарума кои беа битни за Милан и им дозволи да си заминат безсплатно. Овие играчи можеа да донесат добри средства кои можеа да се искористат за подобрување на тимот.
Лошиот однос и несоработката со Монкада и Пиоли плус лошите трансфер политики и потези го закопаа спортскиот директор Малдини.
Му благодариме за титулата 21/22 што ни ја донел но највероватно и барем мала заслуга за тоа имаат играчите што всушност играа и тренерот што ги водеше.
Ова е последен пат што се објаснувам за спортскиот директор Малдини во Милан.