- Член од
- 6 септември 2015
- Мислења
- 394
- Поени од реакции
- 211
- Возраст
- 66
Ова е добра анализа друже, и се сложувам дека ни треба класа напаѓачНа Милан последниве сезони очајно му фали смртоносен напаѓач што ќе постигнува во најмала рака 15-20 гола во Италија.
21/22 кога Милан ја освои титулата во Серија А најдобри стрелци во Италија беа Леао и Жиру по 11,Златан 8,Кеси 6 гола што значи дека успехот бил остварен со тимски напор.
Наназад Милан кога освојувале Калчо секогаш имале играч во ростерот со +20 гола по сезона во Италија.2011 Ибра 28 гола,2004 Шева 24 гола,1999 Бироф 20 гола.
Минатата сезона Леао 15,Жиру 13 гола.
20/21 Златан 15,Кеси 13,Ребич 11
19/20 Ребич 11,Златан 10,Кеси 9
18/19 Пјонтек 9,Сусо и Кеси по 7
17/18 Кутроне 10,Бонавентура 8 гола во Италија.
Да не се навраќам наназад срамота е да пишувам кој се бил и со колку гола најдобар стрелец во Милан,последниве 20 години освен Ибра и Шева единствено Бака 2016 со 18 гола има најмногу во Серија А за Милан.
Статистички гледано ако сакаме Милан да го направи тој исчекор напред и да биде топ тим во Италија потребен е играч што ќе постигнува +20 голови по сезона.
Во Јануари дајте му на Пиоли квалитетен напаѓач и тргнете му се на страна и да видиме до каде ќе стигне Милан во Јуни.
Автоматски споено мислење:
За ова мислам дека, за Пиоли да оди во иста реченица/контекст со овие имиња прво нека освои бар 1 титула во Лига Шампиони па ќе го споредиме, сепак на крај на ден титулите/пехарите се бројат.Ок ајде малку бројки и статистика во врска со значајните тренери на Милан низ историјата.
1.Дон Карло Анчелоти бил тренер на Милан на највеќе натпревари 420 и има 239 победи односно процентуално на 57% од натпреварите Милан победувале.
2.Култниот Неро Роко кој го водел Милан во 70-тите и 80-тите бил тренер на 337 натпревари и издвојувал 175 победи односно процентуално 52% победи.
3.Трет на листата со најмногу победи како тренер на Милан е Капело кој на 291 натпревар има 158 победи односно 54% победи.
4.Швеѓанецот Нилс Ледхолм го водел Милан како тренер на 278 натпревари и издвојувал 130 победи односно 47% победи.
5.Саки 220 натпревари како тренер со 115 победи односно 52% победи.
6.Пиоли до сега го има водено Милан на 205 натпревари и има издвојувано 113 победи односно 55% победи од натпреварите под негово водство.
На Пиоли му фалат уште две победи како тренер на Милан за да се израмни со култниот Саки односно три победи за да го помине на 5-тото место како тренер со најмногу победи со Милан.