Не сум за угодување на тренер, најлошо е кога ќе се тргне во тој правец, но ако ова е заедничка одлука, тогаш уште полошо. Пиоли дава изјава во која вели дека "проектот" може да отиде на позајмица, треба да го откупат неговиот миленик, можеби е и на Малдини, значи веќе ќе имаме потрошено 55-60 милиони за таа позиција или барем за офанзивен дел, но нели и проектот е АМ според Пиоли. Всушност го заборавив и Адли, па ќе имаме околу 70 милиони потрошени за Чарлс, Диаз и Адли,а немаме ниту еден првотимец, па уште демек главна желба на Пиоли бил и Сергеј. За таков тип на фудбалер и не е проблем, но не ми е јасно како со другите, а особено како со ова што го игра веќе две сезони.
Најголемиот проблем е што ние вака не функционираме, а според ова изгледа дека сакаат да продолжат во сличен правец. Очајно ни фалеше цврстина.
И да се вратам на почетокот, не сум да се угодува на тренер, особено што не гледам дека ќе остане на долг рок и дека неговиот анархичен фудбал треба да се продолжи и после него.
Поголем проблем од што ќе останат сите, е тоа што изгледа дека не сакаат да признаат дека погрешиле и целата сезона е промашување, а ги спасија преварантите од Јувентус. Ај што не сакаат да признаат, изгледа дека не се многу ни свесни каде е проблемот, како да се занесени уште од титулата.
Единствено нешто добро сезонава е Малик. Покажа доволно за да очекуваме нешто од него. Но, тука повторно доаѓаме до Монкада и тоа што цело време не е доволно искористен.
Камо среќа да грешам и уште летово да изненадат подобро или ова што не му функционираше на Пиоли, да почне да функционира од следната сезона.