Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Да не ги тепаа циганчињава срамота ќе беше..овој Мареска треба да го забранат да суди. Кој глупости ги прави човеков..на Крунич имаше чист фаул после тоа направи втор жолт ботот Тео. Тешко да му го опростат за со Интер..

Без црвен и со Ибра ги доминиравме..не знаеа кај тераат па ни топката да ја фатат.
 
Тео го имаше Томори зад себе, не ми е јасно зошто изреагира така знаејќи каков лудак е Мареска. Ја напумпа Зое Кристифоли и сега ајде ќе лапаме црвени за да ѝ се најдеме во бременоста. :angel:
 
Ајде битно се победи, ги скинавмо скурца малу... уште Интер нареден викенд!

Добра игра до црвениот картон после нормално се повлекоа, колку и да нејќемо увек таке е на крај, без разлика дал имамо играч мање или не...

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Бало Туре е доста лош, Калулу е играчиште за него, ќе ни фали Тео за со Интер....

Ако ги добиеме и нив, или па макар не изгубиме ќе сме главни фаворити за скудето после таков старт.... очекувам дека Наполи ќе паднат со форма
 
Калулу е исто изгубен како лев бек. Ни тој ни Бало Туре не се за таму.
Тео може знае да направи непотребни и глупи фаули, ама напред му нема рамен.

Ромањоли стандард, ако не поклони гол не го бива. Нека се изгуби од тимот и нека се донесе друг дефанзивец.

За Кесие најдобар натпревар оваа сезона, а Бакајоко статичен.
Кјаер МОТМ со Татарушану кој покрај добрите одбрани се уште изгледа на несигурен голман.

Погреши Пиоли што фрли се на одбрана, не можеа топка да изнесат.
 
Најбитно е да не се изнауморат и изнаповредат со Порто. ЛШ 90% е завршена со онаков Ливерпул и копачине Атлетико. Нема што за џабе да се трошат.

Сега е битно што вика Џонка да си изџогираат со Порто и јако да им влезат на шампиониве. Ако ги победат вин - вин. За Милан 3+ за интер стагнација. Башка интер до победава со удинезе предходно имаше 4 кола без победа. Ако изгубат пак сигурно ќе западнат у радикална анксиозност и депресија и до Нова Година Милан ќе има еден ривал помалце за топ 4.
 
Последно уредено:
ПРЕКУ КУР МИ Е ШТО МЕ СТАВААТ НА РАБОТА ВТОРА СЕКАД МИЛАН КОГА ИГРА! Буквално до првиот гол гледав само..E2B39B35-1976-4A8C-A53E-EE130B28A78E.jpeg
Имајте убава вечер
 
Сум приметил веќе подолг период, дека не има неколкумина тука, кои за време на натпреварот или бргу по завршување ептен сме строги кон целиот тим или одредени поединци. :)

Престрого ги судиме, веројатно затоа што сме под тензии за време на натпреварот. :)
 
Треба да се врати Сусо за да бидете задоволни :) Да му ја дадат таму десно на 40 метри од гол па он потег на лево па падни, па врати ја назад и така у круг.

Дечкиве газат, се борат еден за друг, делуваат како тим, имаат и индивидуални квалитети.
Леао мора да му продолжат договор. Тврдам ако Санчо вреди 90 милиони он моментално вреди над тоа.
Бенасер полека враќа форма, ниско тежиште има и многу умно го користи тоа.
Кеси реално мислам дека е со 80% од кога искочија проблемите со новиот договор.
Кјаер и Томори функционираат перфектно, скромни а лавови.
Калабрија со пред него Алексис делува многу стабилно, Алексис трча за 3ца.
Тео докажа по не знам кој пат дека ако го нема на таа страна Ребиќ е за 50% полош.
Татарушано не го коментирам, одамна немам гледано голман со толку несигурност, голман што се плаши од топка, дури и тоа што ќе го одбрани делува нестабилно, килаво, како да не му се стегнати рацете. Да имаш кариера од 15 години по јаки клубови и да делуваш ко да си Плизари со 20 години е греота.
Раде Крунич ме изненадува позитивно, братот игра на секоја позиција и е благодарен играч бидејќи не се буни ни за позиција ни за минутажа и кога и да игра, делува солидно. Фудбалски е поткован, знае да изигра дупли, знае да даде топка.
Ибра не треба да го коментирам, штета што нема 4-5 години помалце па за Скудето да не се дискутира тука.

FORZA MILAN!
 
Заебан период беше ова а уште позаебано дерби не очекува наредниот викенд, апсолутно никаква улога нема да има тоа што сме на +7 или кој е во подобра форма, никогаш дербито не било одлучено така и ќе мора многу многу многу поконцентрирано и поконкретно да се влезе во него.

Прв пат после подолго време имам замерка за Пиоли, мислам дека тотално ја утна после црвениот со измените, си стои и фактот дека немавме баш некој огромен избор таму ама некако ептен не стави во позиција да бидеме набиени во 16 и да не можеме топка да задржиме повеќе од 2 секунди.

Чиста среќа што не беше досудено пенал за тоа на Кјаер, мислам дека без дилеми беше пенал со оглед на тоа каков пенал добивме ние со Ибра.

За позицијата голман нема што да се каже или филозофира, не може да имаме сигурност во него ниту пак тој да се осеќа сигурен со оглед на тоа каков притисок има и со оглед на тоа дека 2 години скоро и да нема брането, нека завршат работа некако со него и Миранте додека се врати Мајк и тоа е тоа, не спотера малер на таа позиција.

Со Порто веројатно не ама со Интер би требало да имаме во тим и Ребич, Месиас и Флоренци, горе-доле комплетиран тим ако нема некои други несреќни случувања па ако не се лажам следува пауза за репки, одмор што добро ќе ни дојде пошо распоредот е доста пеколен.
 
Со тим направен од деца кои се развија во Милан, со Ибра и Кјаер како лидери имаме скор од 9 победи и нерешена, делуваат како тим сите.
Подобро никој ни на сон не очекуваше.
Браво за Пиоли!
 
Сум приметил веќе подолг период, дека не има неколкумина тука, кои за време на натпреварот или бргу по завршување ептен сме строги кон целиот тим или одредени поединци. :)

Престрого ги судиме, веројатно затоа што сме под тензии за време на натпреварот. :)

Poarno im beshe koga se borevme za LE :)

Se menuva igrata koga vodis i dobivas crven normalno..prethodno gi dominieaa i im ja skrija topkata. 2 gola i 2 ponisteni od koj vtoriot na Ibra beshe dosta mal pa i prviot koga asistirase na Leao beshe super akcija.
Bakayoko beshe izguben posto Pioli gi naguzva vo sredina i nego so Tonali i Keseto koj beshe najdobar skoro vcera..se iskina, 13+km sigurno imase na kraj.
 
На Бакајоко му треба нормален натпревар од прва минута, на кој ќе играат скоро сите првотимци.

Ќе врши работа и тој како Круниќ. А Раде е премногу корисен сезонава, не заборавајте дека имаше и добри натпревари како ДМ на почеток, кога имаше проблеми и на таа позиција. Добар играч за ротација, особено што е прилагодлив на различни позиции и системи.
 
Заебан период беше ова а уште позаебано дерби не очекува наредниот викенд, апсолутно никаква улога нема да има тоа што сме на +7 или кој е во подобра форма, никогаш дербито не било одлучено така и ќе мора многу многу многу поконцентрирано и поконкретно да се влезе во него.

Прв пат после подолго време имам замерка за Пиоли, мислам дека тотално ја утна после црвениот со измените, си стои и фактот дека немавме баш некој огромен избор таму ама некако ептен не стави во позиција да бидеме набиени во 16 и да не можеме топка да задржиме повеќе од 2 секунди.

Чиста среќа што не беше досудено пенал за тоа на Кјаер, мислам дека без дилеми беше пенал со оглед на тоа каков пенал добивме ние со Ибра.

За позицијата голман нема што да се каже или филозофира, не може да имаме сигурност во него ниту пак тој да се осеќа сигурен со оглед на тоа каков притисок има и со оглед на тоа дека 2 години скоро и да нема брането, нека завршат работа некако со него и Миранте додека се врати Мајк и тоа е тоа, не спотера малер на таа позиција.

Со Порто веројатно не ама со Интер би требало да имаме во тим и Ребич, Месиас и Флоренци, горе-доле комплетиран тим ако нема некои други несреќни случувања па ако не се лажам следува пауза за репки, одмор што добро ќе ни дојде пошо распоредот е доста пеколен.
Неможеш да кажеш дека беше иста дешавка за пеналот... Тој Ибањез да не го удреше Ибра преку нозе никако немаше да стигне до топката, а Кјаер секако ја удираше топката само што го удри и него, ама тоа не влијаеше на акцијата, бидејќи секако топката ќе беше избиена. Затоа и вар не реагираше, е сега што режисерот се палеше и пушташе 200 снимки, а за головите на Леао и Ибра ниедна вар ситуација не покажаа тоа е друг момент.
 
Покажаа ВАР за двете ситуации, беше Ибра во офсајд двата пута

Со тим направен од деца кои се развија во Милан, со Ибра и Кјаер како лидери имаме скор од 9 победи и нерешена, делуваат како тим сите.
Подобро никој ни на сон не очекуваше.
Браво за Пиоли!

10 :cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom