Чудна ми е ситуацијава со Тонали. Сите, па и Челино од Бреша потврдија дека Милан притиска, во моментов можда чак е и поблиску до Тонали отколку Интер. Факт е дека Интер е пребукиран во среден ред и мора прво да продае пред да го купи иако се чинеше договорен, ама факт е дека истава игра беше и лани со Барела. Интер го имаше договорено, ама не го затвараше. Се појави Рома, тогаш и газдата на Каљари изјави дека е договорен со Рома, па тоа го испровоцира Интер да се врати и ја заврши работата. Директната изјава на Челино од вечерва може да е со иста цел. Марота од Интер има таков стил на преговарање уште од време. Ќе видиме многу брзо.
Што се тиче Тонали, технички, јас би го сакал во тим, Милан има потреба од такви таленти, ама реков и поназад, јас пре тие пари би ги дал на десно крило рецимо, мислам дека е поприоритетна позиција. Да не се разбереме погрешно, Тонали ми е топ трансфер, ама се надевам дека нема да го седне на клупа Бенасер со оглед на тоа што ќе има притисок да се форсира ради хајпот и цената. А можда и не се иста позиција, можда Кеси ќе отпадне од прв тим, којзнае. Бенасер, Кеси, Бакајоко, Тонали е среден ред за секоја почит во Серие А, ми се свиѓа. Конечно би имале длабочина во тимот и солидна клупа.
Ќе видиме што ќе испадне, ова се интересни денови за Милан. Сумљива ми е работава со Тонали, ама навивам да го собереме дефинитивно.