@Дим4е ваљда мислиш Ренџерс.
Да се разбереме, не е дека некои играчи се апла толку просек колку што Милан и целото раководство (од тренер до менаџмент и трансфер политика) е полупрофесионално задниве неколку години.
Доста од фудбалериве имаат потенцијал реално и можат и мораат повеќе. Кутроне ми е најголем пример за милан задниве 3 години, да не повторувам што и како мислам за неговиот развој во клубот.
Грешките кои упорно се прават се тренерите. Јас му давам шанса на Џампаоло да се докаже, ама стварно цела претсезона сум скептик за неговата способност. Стигнал со Сампдорија 8мо место, јак дил бобобобообоб. Офанзивно играле демек.
Милан последниве 3 години на тактички, физички, тимски и секој можен фудбалски детал е на просечно ниво од ранг на Џенова.
Не ги знам деталите како тренираат или како би требало да тренираат, ама по она што го гледам на терен е евидентно дека се уназаден и просечен клуб.
Немаат сила играчиве да играат високо темпо и брз фудбал кој е неопходен и со кој милан би газел во лигава. Па недај боже на ливерпул, сити или дури mid-table рандом англиска екипа да налетаме у компетитивна утакмица ќе не напунат со тој нивен висок пресинг. Нема да знаат нашиве кај се. И сите знаеме што ни се деси со Арсенал пред 2 години, во моменти кога бевме во завидна форма и направивме доста победи по ред. Глатко не надтрчаа и надиграа изглеавме ко телиња.
Физички инфериорни, ги глеаш задишани целите у 67ма минута и се влечат по терен ко заклани на обична утакмица против просек екипа ала Сампдорија или Удине. Смирената игра не унакажа и со тоа сме 3 години назад во однос на конкуренцијата на фудбалски план.
Ни треба тренер кој ќе бара СОВРШЕНОСТ и МАШИНИ во поглед на физичка подготвеност, константен висок пресинг, повеќе трчање и побрза игра. Не викам ниво на Сити или Пул, ама да речеме Премиер-лига ниво на интензитет, стамина и подготвеност.
Колку поспоро играат, толку повеќе се предвидливи и стерилни во нападот, посебно во лига каде што стандардно има по 7 души на 25 метри во скоро секое време + знаеме колку детална тактичка анализа се врши во италија.
Не е дека не се способни нашиве да отворат полуконтра кога евидентно имаат милион такви шанси, туку не бегаат вон концептот за спора и бавна организирана игра и го преферираат тоа.
Тоа време е оутдејтед исто како и Мурињо.