Тоа не е до Де Јонг, тоа е до тие до него што се... што сакаш ти Де Јонг да глуми Пирло?
Де Јонг ти е Гатузо играч, а тие покрај него што се цепенци тоа е друг моабет
И за
@Castiel
Не сакам ништо да глуми, сакам фудбалери кои не се еднодимнзионални. Модерен фудбал не трпи играчи како Де Јонг.
Посебно во 4-3-3, но веќе не го бива ни за 4-2-3-1.
Изминативе години милион пати ја имам видено следната ситуација. Топката е во голманот, противничката екипа врши пресинг, некогаш и не многу жесток, ако топката стигне до Де Јонг, тој ја враќа назад, или некој близок вертикален пас, кој не носи никаква предност, потоа повторно оди топката до голоманот и овој ја пука пак кај оди нека оди. Или некако топката се пушта по бокови па ако се помине помине, ако не се мава играч кој е на противничка половина, а принуден е да игра со грб кон противнички гол, а не негов грб обавезно има еден противнички фудбалер кој во 90% го оневозможува нашиот да направи нешто, дури и да ја прими.
Или Милан е во напад, почнува ’пребројување’ како во ракомет, некогаш се пробува и со побрз проток, добри прецизни брзи пасови, доаѓа топката до ДЈ, овој успорува се. Може да се објаснат и милион други случаи кога тој успорува.
А мора да биде првиот пред одрбана, тој не може ни како Гатузо.
Башка, многу важна работа е што во модерен фудбал не можеш да имаш во тим играч кој што не знае со топка, посебно ако е во средина, со мал притисок целиот тим е исфрлен од игра, а Де Јонг игра на ептен одговорна позиција.
И Амброзини играше подобро, да не збориме за Ван Бомел. А до Ван Бомел често играше Гатузо, или играше Фламини. Така да, не може само другите да му се оправдување на Де Јонг.
Борбен е, тоа не е спорно, но нема придонес од него, кога се ќе се собере, многу е поголема штета.
Која озбилна екипа има таков првотимец во својот тим?
Виде што им се случи на Реал кога Анчелоти поради недостик на дефанзивна сигурност на тимот, го форсираше Рамос во средина, и тоа со доста добри и креативни фудбалери околу него. Резултатот беше очаен.
Дури и да не му вршиш голем пресинг на таков фудбалер, можеш слободно да го оставиш, ако до него има креативни фудбалери, целосно внимание посвети го на нив (како што правеше Алегри против Реал) и си ја завршил работата.
И со двајца добри фудбалери околу него, повоторно тимот ќе трпи позади него. Тој единствено би можел уште нешто да понуди само во 4-2-3-1, но и тоа не е нешто многу.
Да не збориме и тоа што ја помина триесетката, а тој не може како Пирло да се ослони на технички квалитети, мора на физички карактеристики, а тие се ќе одат надолу и надолу.