Од нашиве за репрезентациите вечерва играле само Касано кој според тоа што прочитав играл солидно за Италиј, како и Мексес кој даде гол![]()
Само што нема уште сила за цел натпревар, затоа го извади во второ, веднаш по постигнуивањето на голот.
А, во прво изигра доста солидно. Играше нешто скоро како треквартиста... разбира се, не буквално... Секоја напад одеше преку него, тој беше задолжен да направи вишок и да проигра некого кој што ќе ја стави во гол. Солидна игра.
Многу ми се допадна Балзарети како одигра, ја дрмаше по левата страна. Често го поврзуваат со Милан, не е лошо решение.
И има место за Абате во ова генерација, не треба да го тргаат на страна, за следниот собир мора Прандели да го повика. Сега и добро ни дојде тоа што не го викна пред дербито...