Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Пола сезона ќе помине додека да ја најде формацијата. Исто беше минатата сезона исто е и сега. :D

Allegri: "I will work on our starting formation. The more experienced players have to help us to rise again."
 
Од како изгубија од Лацио одлучи додека не го сменат Алегри не ги гледам.Лош состав,просеци у тим.Добар тренер и добра тактика,тренер со свое јас,кога ке му каже на тимо играме формација таа и таа и ке му каже на Балотели тоа ке го играш и тоа ке го игра.А нашио мистер нема никаква замисла играчите се само поставени и си играт натиго дајмиго без идеја.Али не е и целата кривица у Алегри тука е и Галијани и Берлускони кој се жедни за пари
 
massimiliano_allegri_milano-1-e1352414430482.jpg


Да ја ебам оваа во газ.


не е криво девојчето ... :pipi:
 
гледам само кака има пролазна оценка па замислете што ќе беше да го немаше него сега :P:unsure:
а за габри.. ако треба нека прими и 15 гола ќе има поддршка од мене.. бидете среќни што примил само 2 гола.. па со овие примадони мене стварно не ми е јасно од каде воопшто ја црпи цела таа мотивација за да игра.. да беше некој др голман сега, на среде утакмица ќе фатеше ќе раскинеше договор..
п.с не ги гледав и бескрајно сум му благодарна на господ за тоа :свиркам: :icon_mrgr:
иначе остајте нервирање и ајде бујрум на пити додека има :P
--- надополнето: 3 ноември 2013 во 02:10 ---
“Players forget they play for AC Milan, maybe they don’t know what it means.” — Alessandro Billy Costacurta
 
Јас пак ќе кажам.. На овој Милан му е итно потребна шок терапија. Клинички е мртов. Затоа што таа терапија не може да биде нова управа, нови 20 играчи или однеднаш просветлување на моменталниве, останува да биде итна промена на тренерот. Можда е точно дека некоја многу боља алтернатива од Алегри нема на хоризонт и секако е точно тоа дека тој не е единствен и апсолутен виновник за моменталнава ситуација, ама па и многу е очигледно дека има добар дел од кривицата.

Со кои и играчи да е Милан моментално, колку и да има повреди и пад во формата, НЕ МОЖЕ, НЕ СМЕЕ онака да изгледа на терен. Значи НЕ СМЕЕ. Тимот е играчки поквалитетен од лани, а изгледа бар дупло полошо. Значи не зборам само за денешнава утакмица, туку за досегашниот впечаток кој Милан ми го остава сезонава. Алегри е крив затоа што не може да изнајде начин Милан да игра доборо БАРЕМ против екипи као Бољоња, Торино, Парма, Верона.. Не е доволно само против нив да игра напаѓачки, поатрактивно и потечно, ама сезонава ни тоа не го видовме. Таа кривица оди на душа на тренерот. Каков сака нека е Милан, мора да доминира против една Болоња или слични екипи.
Некои тактичко - технички одлуки кои директно влијаеле на утакмицата, а такви сомнителни барем за мене имаше доста сезонава, одат на душа на тренерот. Немањето идеја во играта, исто така. Тоа што ниту една измена во тек на утакмица сезонава не вродила со плод, е негова погрешна проценка на моментална ситуација и оди као грешка на негово конто.

Стои и тоа дека управата имаше неуспешно трансфер лето и дека во тимот има доста дупки и безвезни играчи, ама реков.. Неизводливо е да се менува нешто во тие сектори. После ваков скандалозен развој на настаните за Милан, единствено логично решение е смена на тренер. Секако, затоа што сезонава е најверојатно више во амбис, на новиот да му се даат одврзани раце и максимално да се ослободи од секој притисок. Па во трансфер периодите нека му ја мислат.
Јасно е дека промени некакви се итно потребни, мислам и дека е јасно од каде е најлогично да почнат.


Сакам да кажам мислење и за Рами и Хонда.

За Рами мислам дека е засилување затоа што колку што јас го имам гледано, ми делува као да е подобар дефанзивец и од Мексес и од Запата. Не е баш тоа што му треба и фали на Милан, според мене, ама мислам дека во оваа конкуренција ќе биде најдобар стопер во тимот. Се надевам дека ќе се потрудат да донесат нешто појше од “солиден дефанзивец“ каков што мислам дека е Рами. Тој во комбинација со некој бољи од него, а овие двајца идиоти кои ни се први стопери на клупа као бекап би била драстично друга ситуација со нашата одбрана.

Хонда.. Нешто слично.. Неговата аквизиција ќе ја сметам за позитивна ако и само ако заради него не се продаат играчи кои имаат потенцијал и од кои со добра работа мислам дека може да се постигне да станат бољи играчи од него. Да појаснам.. Носењето на Хонда, па и враќањето на Пацини ќе створат барем 2-3 вишак играчи во навалната линија. Хонда ќе го прифатам само ако за да му се отвори место се продадат Робињо, Бирса или евентуално Матри. Нема да го прифатам ако место му се ослободува преку Сапонара, Нијанг или не дај Боже - Шарави. Сметам дека Хонда не е вреден и спремен да му донесе некое добро на Милан, толку, за да би се жртвувале поради него очигледни потенцијали како овие тројца млади кои ги кажав. Како и нивните игри и форма да делуваат моментално. Сметам дека на подолг рок, Сапонара, Нијанг и Шарави можат многу појше да значат за Милан отколку Хонда, Робињо, Бирса и Матри. Стојам на тоа дека Нијанг на својата природна позиција, очигледно со друг тренер ( затоа што овој нема абер да го проба и упорно го форсира на за него неприродно десно крило ), може да понуди многу појше и неговиот потенцијал да се искористи многу подобро.
Втор муабет е тоа што ако заради место за Хонда се откажеме од некој од младиве, цел муабет околу подмладување на Милан ќе падне во вода затоа што никој нема да ме убеди во тоа дека продавање на Сапонара/Нијанг/Шарави, а задржување на Бирса/Робињо/Матри/Хонда има било каква врска со подмладување.


Некава утеха ми дава помислата дека лани да не се десеше ужасниот старт на сезоната, најверојатно немаше да се деси најскапиот јануарски трансфер - Балотели. По некоја таква аналогија, после ваков скандалозен старт, би требало јануарскиот преоден рок да го искористат као средство преку кое колку-толку ќе се оправдаат пред навивачите и ќе пробаат да ја исправат веќе заебаната работа.
Овојпат изгледа доцна, ама ајде да видиме.

FORZA MILAN!

Players forget they play for AC Milan, maybe they don’t know what it means.” — Alessandro Billy Costacurta

Оваа реченица ја опишува цела ситуација. На терен изгледа као само на Де Јонг, Кака и до некаде Монтоливо да им е битно да се одигра добро и да се победи. Другите се понашаат као да ги боли ку*ац како ќе изгледа и заврши утакмицата.
 
Не ја гледав утакмицата :( пак беше Балотели најјак ?
 
Магично е како глупостите во Милан се надополнуваат една со друга и сето тоа резултира со вакви резултати.
Алегри упорно си ги тера,Мунтари,Констант,Бирса......тоа е 50 % негова кривица,и другите 50% си се криви самите тие зошто господ не им дал мозок и талент. Најјако од се е што и тие што треба да направат нешто(Монтоливо,Балотели) ги нема нигде. Тие си мислат дојде Кака и сега ќе му ја удриме на лежење,тој ќе се замара и ќе трча за цел тим.

Нема помош овде ни во смена на тренер ни во смена на тактика,ИГРАЧИ,играчи фалат. Мислите тој што ќе дојде комплетно нова одбрана ќе има ? Зошто тоа му треба на Милан,нова одбрана плус Шиљо,ако нема повреда на курот,нали. Мислите Хонда и Рами доволни ќе се ? Ни одблиску.

Секоја чест за Костакурта,објаснил човекот,само тоа треба да им се објасни на воловите што го уништија милан,на воловите што го полнат секое лето со просеци,овој Милан нема ни М од себе,затоа не треба да се збори за овој тим како нешто свето,не игра името,просеците во тим играат.

Едино позитивно од оваа ситуација е што 99% од фан клубов сфатија колку е саат во Милан,другиот 1% го нема да пише ништо,ставил розови наочари и се лекува во бардовци. :ROFLMAO:
 
Некава утеха ми дава помислата дека лани да не се десеше ужасниот старт на сезоната, најверојатно немаше да се деси најскапиот јануарски трансфер - Балотели. По некоја таква аналогија, после ваков скандалозен старт, би требало јануарскиот преоден рок да го искористат као средство преку к. ое колку-толку ќе се оправдаат пред навивачите и ќе пробаат да ја исправат веќе заебаната работа.
Овојпат изгледа доцна, ама ајде да видиме.

Ааа, мисли си. Кој луд што се занимава со бизнис ќе ти фрла пари во бунар на таков начин. Милан заостанува 18 бодови зад Рома и по 16 зад Наполи и Јуве. Тоа е недостижна разлика колкави сакајте вие бидете фанови и гризете нокти. Башка и кое такво име ќе ти прифати бе да дојде а наредна година да игра само во Сериа А? Ќе дојдат Хонда и Рами (овој кога играше во Лил беше еден од најбараните дефанзивци стварно незнам како заврши во Валенсија и тоа ми е ептен сумљиво иначе прилично добар дефанзивец каков што му треба на милан) играчи за едно кесиче пуканки и тоа е.
Следна работа е што поверојатно е да си отиде некој од подобриве отколку тие да останат од добро позната прилина „ Милан нема пари за плати“

И не ми е јасно она што се оправдува Алегри за минатата сезона. Реално ако ги гледаме работите да не беа пеналите ни лани немаше да избори Милан ЛШ. И за годинава колку да не му замеруваш дечкото се утепа одплачењње 3 години за Матри и како шлаг на сезона му го носат годинава нели најуспешна му остваруваат желбите нели за 11 милиони нели :facepalm:
 
Верона човече e на прагот да ја запише 7-та победа. Ете ви пример дека и со просеци се победува. :icon_lol:
Направите мала споредба помеѓу играчите на нивниот и нашиот тим.
Далеку сме поквалитетни од претходната сезона, ама мистерот не знае тоа да го искористи и му требаат 15 кола за да ја пронајде формацијата.

Не ги споредувам со други екипи затоа што одма ќе почнете со коментари дека тие имале добар трансфер период, а ние не.
Епа затоа ете ви ја Верона, екипа во која е собрано секакво ѓубре и пак имаат подобри резултати. :свиркам:
Нема логика да е до играчите, по што лани просечните екипи лесно ги победуваа, а сега не можат гол им да дадат или саалм акција да направат.
 
Боли ова, ама морам да ја стаам :D , да се заебаваме на наша сметка малце у овие тешки времиња :icon_lol:
1375089_546934422056933_1645747759_n.jpg
 
Далеку сме поквалитетни од претходната сезона, ама мистерот не знае тоа да го искористи и му требаат 15 кола за да ја пронајде формацијата.

Ете за кои работи пишував изминативе денови.

А бе секој ден на форумов објавуваш повеќе информации поврзани со Милан, од тие што ние други ќе прочитаме, а повторно пишуваш глупости. Формацијата ја смени Берлускони, тоа сите медиуми го објавија, а и Галијани призна дека на тој состанок помеѓу нив троица било решено да се смени формацијата. Немаше фудбалери за такво нешто, па припремите се играа со старата формација, така играа и против ПСВ, потоа решија да сменат, па требаше да се следат инструкциите, па го форсираа Монтоливо како треквартиста. Имаше и ова влијание, тимот најде рамнотежа во 4-3-3... но и ова не треба да биде големо оправдување за Алегри.


Поради вакви коментари пишував дека не знаете ни да искритикувате како треба, а има материјал... и тоа доста.


Нема логика да е до играчите, по што лани просечните екипи лесно ги победуваа, а сега не можат гол им да дадат или саалм акција да направат.


А тогаш тренер беше Индира Кастратовиќ?! :confused:[/quote]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom