ххахаха, Манчестер секогаш играл лошо на почеток од сезона, само сите сега тоа го воспеваат зашто не е Фергусон тука. Да не те потсетувам лани кога Манчестер изгуби и од Тотенхем и Евертон за помалце од три недели и беше стариот на клупа беше меѓу главните што викаше дека Манчестер немал шанси за титула а Сити ќе си освоел без проблеми. Еве и со нови тренери и полесен распоред Сити е само два бода од нас. До менталитетот на играчите и концепцијата на играта е која полека се имплементира на ниво од ланското.
Манчестер си е прв во една од потешките групи во ЛШ со само едно нерешено и на 8 бода од првиот кој во ПЛ е исто како во другиве лиги на 2 бода, не гледам како ова е страшно.
Да се вратиме на темата, не е до тренерот, до клупската политика е. Кога имавте играчи Алегри ја освои лигата, па и со овие играчи ова што го правите е премногу, само Шарави, Де Јонг и Шиљо заслужуваат да се играчи на Милан, не е ова Лече. На моменти звучите како Арсеналци што го бркаа Венгер лани а не беше тој крив што толкаво ќесе пари му дадоа да троши. Еве Мемо погоре пиша нов тренер и нови играчи ќе донеле, ок тоа ама откај дека нема да ги продадат на ПСЖ после две три години? Гледам еве Ди Матео го спомнувате, па Ди Матео како прво ќе им побара тркачи играчи (читај млади и покретни) што ќе го покриваат секој дел од теренот, таков стил имаше и во ВБА додека ги менаџираше. Што знам, мое видување е дека за разлика од Интер многу подобро ги пребродувате "кризниве" моменти, барем имате континуирано учество во ЛШ и стигате до 1/4 финале негде ама дека би се нафатил некој да води екипа каде треба да се избрка 80 посто од кадарот, тешко тоа. Еве ајде ќе видиме ако го сменат Алегри што ќе биде ама мое мислење е дека на подолга иднина ништо значително нема да се промени.