Официјално денес почнува трансфер летото, па јас да ги кажам конкретно моите ставови во врска со шпекулацииве и комбинацииве кои се појавија досега.
Како што реков и порано, нема да оправдам никакво продавање на Шарави. Најмногу од причина што со тоа Галијани и Берлускони би се измочале на се она кое во текот на минатото лето и изминатава сезона го викаа нов, млад и италијански Милан. Шарави има потенцијал, ама сепак има и уште многу да работи. Падна психолошки поради безвезниот притисок кој сам си го наби над себе, ама несомнено има во него се што е потребно да биде голем играч. Според мене некој од стручниот тим во Милан мора да поработи со него и технички и психолошки. Мора да внесе разновидност во играта и да научи дека ништо страшно ако не одлучи две утакмици.
Моментално, во врска со трансфериве, нема нешто што сакам појше од тоа да видам дека Фламини си оди, а доаѓа Поли. Ме нервира што судбините на овие двајца во Милан се испреплетени, едната зависи од другата, ама ако веќе е така го одбирам Поли пред Фламини. Помлад е, италијанец е и многу појше знае фудбал од Фламини. Гомново Фламини и лани вака ја влечеше работата со продолжувањето на договорот, еве го пак и годинава. Ај нека го гонат у пм, него ќе го чекаме, ебем ти идиотот, тој услови ќе поставувал.
Боатенг сакам да остане само под услов да игра на негова природна позиција, меацала во средина и да си бидат конкуренција со Поли еден на друг.
Робињо очекувам и сакам да си оди, затоа што ниту тој има више што да му понуди на Милан, ниту Милан има што да му дае на Робињо. Очекувам дека за некои 7-8 милиони ќе ја договорат таа работа во текот на наредниве 10ина дена.
Хонда на негово место е интересно решение. Не сум ни многу за, ни многу против, ама ипак појше сум за.

Експлозивен е, има добар шут и мислам дека само Монтоливо има подобар пас од него од играчиве кои се моментално во Милан. Загреан е да игра за голем клуб, мотивација нема да му фали и поради јапонскиот менталитет ќе биде дисциплиниран и пожртвуван. Моментално подобро реално решение од него не гледам да се врти као шпекулација. Би биле конкуренција со Сапонара за треквартиста позицијата.
Одбраната ни е заебана.

Имаме 6 централни и тек таму нема да се донесе ниту еден ако останат овие шестмина. Очекувам Саламон да биде внесен во евентуален трансфер на Поли, се надевам дека на позајмица или ко-сопственост. Очекувам Закардо незадоволен да се врати во Парма и ми се допадна идејата за вметнување на Сансоне во таа операција.
Во таа ситуација, со 4 штопери би сакал да се донесе некој кој би бил земен со замисла да биде прв и најдобар штопер во овој Милан, а не некоја закрпка као Цивели затоа што во тој случај боље да остане Закардо или Саламон.
Антонини надвор, на пример Сампириси на негово место. Минатото лето бевме ние, а божем и Челзи и Манчестер го пратеа. Го спомнувам поради тоа и поради тоа што е млад италијанец, со потенцијал. Нека биде некој друг со овие карактеристики, не ми текнува сеа.

Не се фаќајте за имево.
Емануелсон ако не го вметнат во добар трансфер или добијат добра понуда нека остане јебига... Искрено, би го мењал за некого, ама досега таква алтернатива не се појави. Емануелсон + пари за Љаич, од мене има глас за.
Мунтари на клоци би го избркал, ама најверојатно тоа задоволство нема да ми го приредат летово.
Кучка не го сакам.
Да сумирам... Ги сакам Виља, Траоре, Фламини, Робињо, Бојан, Јепес, Закардо, Таиво под итно надвор од Милан. Нормално дел од овие заменети со подобри од нив, а не со ташак.
Милан кој наредна година би излгедал нешто вака: Абијати, Габриел, Мексес, Запата, Бонера, Вергара, Астори (да речеме), Де Шиљо, Абате, Констант, Сампириси, Кристанте, Монтоливо, Де Јонг, Мунтари (

), Поли, Боатенг, Ночерино, Сапонара, Хонда, Емануелсон (Љаич), Шарави, Балотели, Пацини, Нијанг.
После Форте дел Марми рекоа 25/6 играчи + 3 голмани. Погоре имам 23 играчи без голманите. Тие тројца со кои Милан би стигнал до 26 нека бидат изненадување од Галијани еве.

Еден од нив би сакал да биде некој кој може да игра на појше позиции во среден ред. Бертолачи да речеме.
Прва напомена: Ова е
најмалку што барам и очекувам. Ако се случи ќе го оценам летото као солидно. Ако тие 3 изненадувања бидат одлични - ќе го оценам као одлично.

Се помалку од ова и трансфер летото ќе го сметам за неуспешно.
Втора напомена: Овие имиња и составот погоре го составив од она кое засега се врти како шпекулација. Ако се појават нови реални имиња, најверојатно ќе има и промени во моиве размислувања.
П.С. Извинете што неам Галакси или Ајфон, знам дека навикнавте да читате мислења пишани од такви телефони.
