Коа прочитав ова за трампава Џером + 5 милиони за Кевин Принс Боатенг, прво помислив дека нешто сакаат да ни подметнат. Да не е нешто болен, повреден хронично, не знам.. Не ми е реално никако.
Ајде што мислам дека Џером вреди појше прво во пари од брат му, со оглед на колкава-толкава константност во играта, искуство кое го има, зошто ипак играше големи утакмици во ЛШ со Баерн и ипак е европски шампион, па сеа тие уште да ни доплателе 5 милиони

Не знам... или е ултра безвезна шпекулација, или овие сакаат да ни подметнат нешто или Гурадиола глеа нешто во Кевин Принс што ние досеа го немаме видено.
Џером има 26 утакмици во Бундес сезонава. Ако тоа е “ретко добивање шанса“, незнам колку треба да игра за да биде “често добивање шанса“ Кога не играше беше повреден. Ги изигра двете утакмици со Барселона на високо ниво, го изигра финалето на високо ниво.
До лани мислев дека е слаб играч, ама годинава ме демантираше. Се навикна на централен дефанзивец и сигурен сум дека кога би дошол би бил најдобар дефанзивец во екипа кај нас.
Максимално нереално ми делува таква трамна на браќава, ама со оглед на тоа дека Боатенг сигурно ќе си оди ( поради платата, договорот и слично) јас ваква трампа би прифатил што побрзо додека не се премислат.
Коа би се десила, некој некого би направил будала. Е сеа не знам кој кого.