Јас би го зел Видиќ одма во екипа. Само под услов да не биде единствен купен централен дефанзивец на лето и под услов Мексес да се продае.
Мексес ќе ја ослободи платата за Видиќ, ќе помогнат пари од негова продажба, а Видиќ ќе биде во тим како модел за помладите кои ќе му бидат конкуренти за позиција.
Јас догодина би бил презадоволен со четворица стопери во екипа, вака нешто: Видиќ, Саламон, Запата и уште еден од тие за кои се заинтересирани, помлад некој.
31 година? Знам дека обожавате да дркате на славните генерации на Милан (кои нормално и јас ги почитувам, ама не напнувам со плачење), па само ќе ве потсетам на Јаап Стам. Изглеа треба да се потсетите на колку години тој беше купен во Милан за 10 милиони ако не се лажам.
Подмладување да, ама играчи како Видиќ би биле многу корисни заради искуството и заради нивното присуство кое сигурно многу ќе им помогне на помладите да се комплетираат во солидни играчи покрај нив.
Јас и очекувам некој таков трансфер на поискусен играч и гласам за Видиќ, посебно заради позицијата на која игра.
А за листата набројани трансфер - мети поназад, само да ве насочам на еден факт кој не сте го приметиле можда.
Тој Даглас од Твенте, 25 годишен бразилец со холандски пасош, уопште нема цена 9 милиони. Има цена 0 (нула) милиони.

Договорот му истекува за 3 месеци.