Коа ќе видам дека земаат да изведат корнер или слободен и ми се местат двајцата таму кај топката, па почнуваат нешто воиграно демек, со кратки додавања ми се вришти од нервоза! Исто и коа ќе видам да изведат корнер со ниска, остра топка! За џабе комплицирање, никад ништо не излегло од таквите безвезни обиди.
Овој Абате, да ме пуштат на терен, мислам дека бе можел да го чувам во напад. Више сите го научија. Ќе земе топка, ќе остане еден на еден, ќе прицупка малце со ноџињата, демек “ајде ајде погоди на која страна ќе одам“ и редовно пушта фор на десна, моторчето в гз и пичи као мува без глава. Емануелсон исто. Тој па коа ќе се залета безвеза, треба некој да го фати за глава и да го усмери према гол, зошто во стање е да трча само, не е битно каде.
Страсер со заврзани очи да го пуштат на терен е покорисен од Фламини. Барем знае да задржи топка, да повлече цврсто напред и да дае точен пас.
Антонини ако успее пак да игра пред Констант и Де Шиљо и Тасоти и Алегри да се фатат и в гз да се ебат!
Добра победа, Пацини имаше доста солидна партија вечерва. Со голот против Торино и овој денеска покажува како треба да се заврши акција и како се понаша голгетер. Нема изводење тука од 5 метри као некои. Пукаш и пријатно.
Мило ми е за Нијанг, се надевам дека почесто ќе добива шанса да се покаже. Имаше добар пристап, трчаше, се трудеше и помагаше во одбрана.