CurvaSud_Milan
rossoner4life
- Член од
- 21 март 2008
- Мислења
- 622
- Поени од реакции
- 4
На искусниот 31 годишен Бразилец, после тешката поврда на коленото не му беше понуден нов договор од челниците на МиланЧелниците на Милан не му понудија продолжување на договорот на некогашниот најдобар светски фудбалер, Бразилецот Роналдо(32), па тој стана слободен играч.![]()
Роналдо се опоравува после операцијата на коленото, а во Милано не сакаат да ризикуваат со неговиот потпис и едноставно чекаат да видат како тече неговата рехабилитација. Се претпоставува дека Бразилецот треба да биде спремен за игра на почетокот на 2009 година, но дали прогнозите ќе се остварат е прашање на време.
Феноменот во Милан дојде минатата сезона, и пред повредата одигра 20 натпревари и постигна 9 погодоци. Во својата кариера искусниот Бразилец настапуваше и за вториот клуб од Милано, Интер а исто така и за Реал Мадрид, Барселона и ПСВ Ајндховен од европските клубови, додека во Бразил настапуваше за Крузеиро.
Луиз Роналдо Назарио да Лима има настапено на три светски првенства и со 15 погодоци е убедливо прв на вечната листа на нјдобрите светски стрелци.
Се надевам дека ќе му биде понуден нов договор скоро, нормално и Роналдо ќе треба да прифати далеку пониска финансиска понуда заради честите повреди но од друга страна ќе добие шанса да остане во Милан, наместо да игра во Фламенго. Дечкото го обожавам,најдобриот фудбалер што досега сум го гледал, пред година и пол кога се направи транферот бев најсреќниот човек, и се тргна добро, 7 гола на 14 наптревари, ама....
Ајде Рони можеш ти, секогаш си се враќал , ќе успееш и сега!