За Милан навивам уште од хммм... 1996 мислам... плус минус година-две... и ми е омилен тим (навивам и за Манчестер, ама не со иста страст).
Али поразов требаше да се деси, ако не сега... ке се случеше во следното коло... доста веке со старци, па колку и да ми се драги поради тоа што го дале за Милан... едноставно неможат да го издржат темпото (поготово со тим како Арсенал).
Наместо полека да се подмладува тимот секоја година по малце, сега се доведоа во ситуација да треба да се смени пола тим... па додека да се укомпонираат... ах-ух-еех...
Не треба сеа да донесат по 18-19 години ама малце да се освежи тимот.
Реално, сакам да го видам Мурињо на чело и Шевченко да се врати (накај старите е тргнат... ама во него има уште 3-4 добри сезони), Барзагли и Закардо (одбрана-централен и десен бек) од Палермо, Замброта или Хајнце (и така не ги играат во Барса/Реал), нека плукнат малце кеш за Модрич (вреди малиот).
Пирло и Гатузо да си останат... нормално Кака и Пато (тука не станува збор за нив)... Неста (ке си тера тој ко Малдини до 40 години).
Одо, Џилардино, Амброзини, Јанкуловски (нека си останат, како резерви).
Се друго у аут, Емерсон поготово... а не дека не ги ценам Сидорф, Инзаги, Каладзе... ама зимаат голема плата а стари се... да ги продадат, да им извадат колку-толку пари.
Тоа е тоа

...накратко демек :smir:
Едит - го заборавив Фреј... да, да, дааа... мора да се земе квалитетен голман а Фреј го поштуем одамна, од кога играше во Парма мислам... -можда беше некој друг тим.