Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Да бидеме реални не е крив. Ама си билда статистика. И ќе му стои во CV.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Па да бидеме реални и на Де геа лани не му е сјајна статистиката скоро гол на секој натпревар. :D
 
Си билда статистика и Хојлунд ако гледаме така. Изгледа најголеми грешки направија што дојдоа да играа во вакпв Јунајтед. Катастрофа е ова за сите.
Тотално сите имаат изгубено самодоверба и нема назад од ова. За жал Тен Хаг е прежален веќе. Порано или подоцна, нема шанси да се спаси од ова.
 
Ништо не ме изненадува.

После пораз од 3-0 од Сити, Рашфорд слави роденден до 3 на полноќ, примадониве се сликаат маскирани за ноќ на вештерките...ги боли ташакот дека денес имаат меч за кои фановите платиле влезница. Кај САФ немаше да помине ова.

И Онана ништо не е виновен за головите...

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
постои ли некаква можност уште вечерва да им се раскинат договорите на сите играчи комплет?!

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Нејќат да играат, слушнале дека Џим ќе биде нов газда.
 
Кога ќе видиш дека Ванбисака ти игра и лев и десен бек знај дека све е отидено у ку_ац.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Туку, пстанаа ли пари летоска за да го исплатат Тен Хаг??? Нека го пратат на позајмица негде :icon_lol:
 
Толку беше и од ЕТХ, очекувајте сабајле вести дека јадел корпа. Незнам што се случи со човеков но моментално ми делува како тотално изгубена личност, исто како и неговите помошници. Нека си се враќа во Ајакс што побрзо нас ќе не поштеди од уште подлабоки срања (Ајакс може и ќе ги врати во живот) а со себе нека си ги земе и Ентони и Банана.
Ништо не се случи го Тен Хаг, го снајде истото што и сите пред него. Насобраните гомна, наречени играчи ќе му пресудат, јер кој е Тен Хаг нив да им воведува дисциплина, да ги тера да трчаат, да ги казнува кога праат глупости, да им ги продава другарчињата. Па ако дозволат такво нешто од било кој тренер, кај ќе можат они да најдат друг клуб каде ќе си го ладат, ќе изиграат 10 добри утакмици и ќе добијат нов договор, каде ќе зимаат плати по 200-300 илјади? Со секој нов тренер е иста приказна. Веќе се ова е видено. Доаѓа нов тренер, играат пола година, година, добро, покажуваат нешто, после тој период следува периот да незамарање, па некој во интервју нешто ќе се пожали на тренерот, па имаш апсолутно куроболие на терен, лоши резултати за да летне тренерот, а во медиуми даваат изјави дека се 100% позади тренерот, па ќе ликнуваат проблеми од соблекувална, поплаки на методите на тренерот, на крај тренерот ќе биде избркан, а со наредниот ќе почне нов круг.
Кобов го спасува само еден тотален рестарт. Почнувајќи од газдите, па до бркање на сите играчи до еден. Без структура асална, ова ќе биде судбината на секој тренер, а Јунајтед нема никаква структура.
 
Ништо не ме изненадува.

После пораз од 3-0 од Сити, Рашфорд слави роденден до 3 на полноќ, примадониве се сликаат маскирани за ноќ на вештерките...ги боли ташакот дека денес имаат меч за кои фановите платиле влезница. Кај САФ немаше да помине ова.

И Онана ништо не е виновен за головите...

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Точно. Баш завчера ја гледав првата еп од документарната за Бекам. Ова беше спомнато баш во неколку наврати. Одам да си пуштам втора епизода, да се потсетам на старите добри времиња :place:.
 
постои ли некаква можност уште вечерва да им се раскинат договорите на сите играчи комплет?!

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
Нема да дозволат вампирите.
 
Ништо не не оправа сезонава за жал. Тимов е до толку западнат во очај, што мислам дека не чека поголема брука и од сезоната кога си замина Солскјер.

Јас не гледам како би дале повеќе од 30 гола во ПЛ оваа сезона. Нема ниту еден играч што ќе повлече и ќе каже "јас ќе ве извадам од оваа мизерија".
 
Не е проблем што испаднавме од купов, проблем е што некои играчи не се замараат а клубот.
 
Абе не е дека не се замараат, кај повеќето се гледа изразита нервоза после секој пораз. Ако не се замараат ќе им биде сеедно. Говорот на телата скоро кај сите е дека се немоќни. Зошто е тоа така, има луѓе кои се дебело платени за да го знаат тоа. Вака јас во 23:33 да се замарам ич не сум платен како да кажам. Дути и што ја гледав утакмицава без пари им е многу.
 
Абе не е дека не се замараат, кај повеќето се гледа изразита нервоза после секој пораз. Ако не се замараат ќе им биде сеедно.

Ја па не мислам така. Еве, кај Рашфорд, и не ми се базира мислењето само од тоа што бил во неделата да си слави роденден со Маласија до 3 сабајле на денот кога Сити ги посрамоти, туку, од почеток на сезона. Едноставно, што и да се случи на терен, кај него е ист ритам.

Половина играчи се повеќе загрижени за тоа каква перцепција ке остават на теренот, дали се мачо. Ентони 2 пати пробува да протне топка на бекот меѓу нозе со ролање на топката. Она го правиш на мал фудбал кога водиш 5 разлика, и сакаш да понижиш некого. Не кога имаш најкатастрофална сезона, и последен пат си поминал играч лани. Половина од овие играчи се одлепени од реалност. Марсијал одамна не треба да е во клубот. Дало не би бил прв избор за десен бек во ниту еден клуб од овие што се сега во топ 4. Ама летово му дадоа нов 5 годишен договор.

Просто е неверојатно дека секој пас е погрешен, секој старт задоцнет, секое втрчување погрешно, центаршут иде на прв човек на противник, говор на тело никаков. Искрено, не знам што прават на тренинг, и како е возможно вака лошо да играат. Не можат гол да погодат од 16 метри.

И ако до вчера бев сигурен дека нема да го сменат тренерот заради тоа што се очекува да се официјализира Ратклиф, овие изјави од денес, како се сите заедно, ми мирисаат на лошо. А не е само тренерот крив, има бајаги играчи за менување дур да се направи здрава средина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom