Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Второ веќе беше друга работа. Не знам зошто, ама имам некој впечаток дека Тен Хаг во поголем број од утакмиците прави утка со стартната па мора да се корегира на полувреме (што му е добра страна).
Инаку не знам до каде ќе одиме со тврдоглавоста а ла Пеп, тотално ист случај, се обидува да истурка некои идеи кои никако да профункционираат. Бруно лево, десно, Вегхорст зад напаѓачот, Далот последните неколку утакмици стално го менува на полувреме (се уште се чудам зошто не го замена со Ливерпул), па очигледно е паднат во форма, остави го на клупа да му ебам мајката, чекаш да ти направи глупост да јадеме гол па после да го менуваш? Денес повторно ќе им сервираше гол уште на старт, само среќа што овие беа Бетис.
 
Пишав и пред утакмица дека очекувам тешка и мачна текма, ама за среќа, само прво полувреме ги држеше паниката од поразот со ливерпул, и се гледаше дека оставил траг. Мислам дека беше многу мудар потег на Тен Хаг што го остави целиот тим пак да игра, да се искупат и совземат. Бруно далеку подобар во движењето на теренот, удел во голот на Рашфорд, асистенција и гол.

Е сега, не ми се верува дека ке го кажам ова, ама Ван Бисака мора да стартува пред Дало, кој после повредата, не е истиот на терен. Дали тоа што уште нема потпишано нов договор, а на зима е слободен играч му делува, не знам. Ама разликата од пред Светско до сега е огромна.

Ентони даде евро гол, ама промаши 2 зицери што никако крило не смее да ги промаши. Ке имавме завршена утакмица уште во Манчестер, не дека сега не е 80-90% готова работа. Се на се, добар одговор на оној срамен пораз и шанса против Саутемптон да си ја продолжиме добрата серија дома без пораз.
 
Сѐ им е џабе. Нити хајлајтс не сакам да си пуштам од сношти, а камоли цел меч да гледам. До толку ми се одмилени...
 
BREAKING!

Harry Kane is Erik ten Hag’s prime striker target to reinforce the Manchester United attack in the summer. @samuelluckhurst #MUFC ✅
Не би имал ништо против да се донесе Кејн топ напаѓач, но јас би одел со помлади односно со Осимен например или Рамос ,

Еве читам нешто дека Тен Хаг сакал плус голман, играч од средината на теренот и десен бек..Колку ќе биде изводливо ако останат Глејзери ќе видиме.
 
Сѐ им е џабе. Нити хајлајтс не сакам да си пуштам од сношти, а камоли цел меч да гледам. До толку ми се одмилени...
Што фајде ако се вртиме наназад? Пукна блам, тоа е, како што имав речено ова ќе е период на стабилизација и логични се и падови. Секако дека она некни беше ненормално и срамно и никако не може да се оправда, ама најбитно ми е што вчера се издигнаа и ја добија утакмицата убедливо во второ.
 
Супер ќе опрсваме уште флопови. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom