Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Голема работа заврши тоа што го врати Вегхорст поназад. Тоа му беше можда и најпогоден потег денес на Тен Хаг.
Или што го пушти Рашфорд најнапред. :)
Голем импакт имаше и влегувањето на Мартинез и прместување на Шо на лев бек. Од тој момент како да се консолидиравме.
 
До пред 10 минути на крај на меч, го направивме Ејлинг да изгледа како Кафу. Мегваер го бранев да остане како четврт избор, ама ова денес го немаат изиграно ни Смолинг и Џонс у најлоши денови. Бавен, грешни пасови без никој да му прави притисок, лошо позиционирање.

Е сега, Рашфорд кој со глава не можеше да погоди гол за жива глава лани, сега дава страшни голови со глава. Огромен напредок од тој аспект, и секоја чест за оној Бени што го донесоа да му биде тренер.

Касемиро е пребитна алка за овој тим, буквално 40-50% сме подобар тим со него.
 
На мускули победа, ама многу важна, капитенот не сакам да го коментирам очигледно дека е изгубен целиот, а критиките кон Вегхорст не ги сфаќам, човекот не добива топки напред, цело време задача му е да се враќа, нема корисни центаршутеви, ама затоа ви одбрана го има насекаде, помага назад се враќа, се со цел Рашфорд да не се враќа толку
 
Мислам дека враќањето на Шо и ставањето во игра Бисака го стабилизира тимот.
 
Мислам дека враќањето на Шо и ставањето во игра Бисака го стабилизира тимот.

Мартинез беше целата разлика.


Голема работа заврши тоа што го врати Вегхорст поназад. Тоа му беше можда и најпогоден потег денес на Тен Хаг.

Е па фалеше само пак да го стави Рашфорд десно за сметка на Вегхорст 9-ка, и коси да скубеме. :D
 
На мускули победа, ама многу важна, капитенот не сакам да го коментирам очигледно дека е изгубен целиот, а критиките кон Вегхорст не ги сфаќам, човекот не добива топки напред, цело време задача му е да се враќа, нема корисни центаршутеви, ама затоа ви одбрана го има насекаде, помага назад се враќа, се со цел Рашфорд да не се враќа толку
Мене ми е чудно што губи воздушни дуели Вегхорст од помали играчи од него.
 
Се надевам дека ова е последниот натпревар на Магваер во Јунајтед. Ако Јунајтед имаше посед 50 минути, топката кај него беше 35 од тие 50. И тотално не знаеше што да прави со нејзе. Играчите на Лидс го сфатија тоа, и не го ни напаѓаа за да му ја земат. Од многу одамна не сум гледал нешто толку фрустрирачки.
 
Мартинез беше целата разлика.




Е па фалеше само пак да го стави Рашфорд десно за сметка на Вегхорст 9-ка, и коси да скубеме. :D
Истово го проба и против Арсенал, ако се сеќаваш. Вегхорст доби многу битни дуели на таа позиција, некоја си 10-ка што го врати. Тоа доста им ја поремети средонатс на Лидс.
Иначе се слагам за измените. Мартинез дава дополнителна стабилност, плус Бисака, што одма се осети во играта и на Сабитцер. Во последните 10-15 минути имаше многу добри и корисни пасови напред, поголема слобода, него ли во педходните 75-80 минути. Баш сакам да видам како би делувал когс ќе го има Касемиро до него, а не Фред и Мегваер позади него.
 
Џабе го критикувате Фред денес, 100 дуели доби, еден куп топки пресече, далеку подобар од некни. Едино што ме изнервира кај негп денес е безвезниот жолт 20 минута на центар.
 
минативе години имав неколку личности вака што сме правеле муабет за фудбал што ми рекле дека Рашфорд бил топ играч, а мојот одговор секогаш бил дека е океј али никогаш нема да биди топ играч или некој што би направил нешто позначајно за Јунајтед. Нека продолжи да ме демантира.
 
Рашфорд полека но сигурно прераснува во класа играч. Се поизграден е како фудбалер. Движењата му се одлични, финишингот подобрен, почна да погодува во клучни моменти и да решава утакмици, а како што спомна @vidooq погоре, дури и со глава изгледа далеку подобар.

Две утакмици по ред дава гол со глава, нешто што беше незамисливо за него до вчера.
 
Фред одигра солидно според мене. Клучни беа измените на Мартинез и АВБ, како и повлекувањето на Вергхорст поназад за сметка на Рашфорд.
Преважна победа поготово во коло кога конкурентите за топ 4 кикснаа.

Сега во четврток со Барса. Барса се во страшна форма измнатиов период и објективно се фаворити...Како фан посакувам да одиме до крај во ЛЕ, само не знам дали има капацитет физички да го поднеси тоа темпо.
 
Победа на мускули ама ако, некогаш и така треба. Требаше поштено да си го попијаат Лидс и на Олд Трафорд, ама што е тука е. Одличен гол на Гарначо. А Каземиро, се надевам ќе се искупи за црвениот со некое голче со Барса :ROFLMAO:, премногу му фали на тимов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom