Фан Клуб: Манчестер Јунајтед


Ralf Ragnick е според мене супер опција за до крај на сезона, после тоа ке му дадат некоја позиција во клубот како ДОФ.
Уште наредна сезона да дојде Тен Хаг и тип топ [emoji16]


Sent from my iPhone using Tapatalk

https://youtu.be/zn5zE05hpcw


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:
Поима немам кој е ликот и што има направено во неговата кариера

Ликов ти е тренер од Германската фела на тренери кои практикуваат висок пресинг и високо темпо на игра во текот на целиот натпревар. Овој нема многу да ги ебава примадониве има да трчаат сите или ќе греат клупа. Беше спортски директор во Лајпциг и Салцбург и го промпвираше Тухел како тренер, да не речам дека Тухел има учено од него. Мислам дека од понудените решенија ова е најдобро.
 
Па од останатите кои се споменуваа како привремени Валверде, Фонсека... најдобра опција беше Рангник. Е сега и овој ќе има мака да наметне игра пресинг, ама ќе видиме како ќе делуваат.
После крајот на сезоната ќе добиел 2 години договор како консултант во клубот.

Него што излегува од Фалк

 
Рангник го паметам единствено како тренер на Шалке, пред едно добри 15ина години. Златното доба на германскиот фудбал, кога како господа гледавме Бундес на Премиере со симулкаст од три ипол во сабота и само чекаш некој да се исписка “Тооооорр ин Мунхен“ (каки ти лајвскор и резултати.ком баки). Ии отпосле се знае со “Але шпиле але торе“ се затвара викендот.

Инаку шо и колку бил успешен веза немам:D.. Битно паметам дека екипи како Шалке у тоа време се прашуваа нешто во Бундес лигата и редовно трчаа во ЛШ. Нека му е среќа, полошо од ова сега шуќур.:smirce:
 
Рангник го паметам единствено како тренер на Шалке, пред едно добри 15ина години. Златното доба на германскиот фудбал, кога како господа гледавме Бундес на Премиере со симулкаст од три ипол во сабота и само чекаш некој да се исписка “Тооооорр ин Мунхен“ (каки ти лајвскор и резултати.ком баки). Ии отпосле се знае со “Але шпиле але торе“ се затвара викендот.

Ова се тие убави времиња кога се гледаше ски-скокови и Мика Хакинен дојде у Скопје пред Спорт Кафе. Алал вера за ова како го долови.
 
Ова се тие убави времиња кога се гледаше ски-скокови и Мика Хакинен дојде у Скопје пред Спорт Кафе. Алал вера за ова како го долови.

Ако е ова периодот кога и болидот беше у Скопје, братучед ми преплака што не му дозволија да седне во истиот. Какви времиња.
 

Ќе биде весело...:vozbud:
Овој ќе бара се спротивно од тоа што го прават до сега. Ако се одвикнат да ја враќат топката назад, ќе славам. Тоа ќе е доволно од Рангник.
Само ќе биде многу тешко, потребно е доста време за да се случат такви промени.
 
Последно уредено:
Добра одлука со назначувањето. Одличен избор. Само не ми е верно нашиве лешинари да препуштат таква моќ на одлучување. Можеби се договороле сега да, ама се ми мириса дека за година дена ќе ја спукаат со Ралф.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk
 
Читам многу позитивни работи за ликов. Мило ми е што на умислени ѕвезди ке им каже дека не може да го оставиш својот играч да протрча покрај тебе, без да го испратиш до крај. Здраво Рашфорд.
 
На Јунајтед му фали само еден добар ДМ. Јунајтед има средена одбрана. Тоа што Мегваер има пад во формата, е друга работа. Во средина освен на позиција ДМ, Јунајтед има 3-ца одлични играчи, од технички аспект, Бруно, Погба, Дони. Со правилна тактика, дефицитот на квалитетен ДМ може да се покрие дур да се донесе таков играч. Јас си стојам на тоа дека и Фред и Мек Томинеј можат попристојно да ја покријат таа позиција, ако другите двајца играчи во средина не се одвоени толку од нив. Не се будали тие во Сити, Ливерпул, Челзи, Барен, што играчите во средина ги поставуваат поблису еден до друг. Нападот е покриен на секоја позиција. Проблемот е што Оле не знаеше или не сакаше да смени тактика и да ги користи предностите на играчите. Санчо на пример, не може да биде тоа што сакаше Оле. Прво ја нема потребната брзина. Второ, не е таков тип на играч. За Јунајтед со овој моментален тим идеална би била 4-3-3 па и 4-2-3-1. Со тоа што играчите треба да бидат поставени поблиску едни до други, за да можат да проигруваат побрзо, пасеви на прва, со кои се освојува брзо простор и се ствара вишок. Да се е користат максимално предностите на играчите. ПСЖ во средина нема ни еден креативен играч, на приближно ниво со Бруно, Погба.

Друго. Никако не може да се споредат ПСЖ и Јунајтед. Во ПСЖ управата си носи по свој мерак играчи, тренерот не се прашува. Управата одлучува дека тие играчи мора да играат. Да не беше така, до сега Нејмар ќе беше продаден 100 пати, Меси немаше ни да го земат, во ситуација кога ги имаат веќе Мбапе и Нејмар кој не се замара на терен, да потрча во дефанзива. Сега од тројката напред, двајца играчи се тотално аут кога се бранат. Вчера Сити лагано си подаваа во средина и ги претрчуваа Меси и Нејмар, овие ко у театар да се посматраат, без да направат бар еден чекор. Во Јунајтед од друга страна, управата воопшто не му се меша на менаџерот во тоа кој ќе игра, се носат играчи во договор со него. Тотално различни концепти. Во Јунајтед фали само еден ДМ и евентуално десен бек.
Де Геа
Бисака-Мегваер-Варан-Шо
Бруно-Фред/Мек Томинеј- Погба/Дони
Санчо-Ронално/Рашфорд
Со тоа што ги имаш за комбинации во напад и Гринвуд, Кавани, Марсијал.
На Јунајтед му треба ДОФ кој ќе постави спортски темели, одреден концепт, филозофија на игра, во согласност со која би се донел тренер. А не ко сега после САФ, четири тренер се донеса кој од кој со поразнлилен стил, сите си носеа играчи за нивна игра, па наредниот мораше да продава и да носи играчи за својата игра. Моментално, тимот има квалитет за многу повеќе од тоа што го игра. Сезонава требаше, ако не да освојат, што не беше реално, бар да бидат конкурентни до крај, да отидат на ниво погоре од лани. И те како има квалитет во тимот за да се отиде ниво погоре од предходно.

Прегледај го приврзокот 314532

За оба зборев, тројката напред на ПСЖ не се замара да се врати назад, затоа што им се може, управата не би дозволила било кај од нив да биде седнат на клупа.
Разбирам другаре и во голем дел се согласувам со твоево. Да се нашалиме ми беше муабетот...ти разложувајќи го Псж фактички го нацрта Јунајтед во очите на фан клубов генерално, не Јунајтед во твои очи. Само еден добар во одбрана (Варан), само еден во средина (Бруно) и напаѓачи кои не се замараат за назад (Раш,Роналдо,Гринвуд).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom