Normalno deka treba i toj da leta vo ovaa situacija, samo dali mislis deka ke se resat problemite so toa? Zarem ne e ocigledno i sramno toa sto go prikazuvaat igracite na teren? Napisav vekje, dno e profi fudbaler da nemozat da napravat nekolku tocni dodavanja, pa decata vo maalo koga igraat fudbal ne izgledaat onolku loso.
Проблемите доаѓаат само и само од неспособноста на тренерот и тие околу него. Јунајтед до сега освојуваше бодови само поради индивидуален квалитет на играчите. Имаш минион мислења во фан клубов, каде најголем дел од нас ги согледваме неговите грешки и ги потенцираме, сите сме убедени дека така како што Оле ги поставува тактиките не може да функционира ни еден тим. Ако ние како аматери, луѓе што само ги гледаме на тв ги приметуваме тие катастрофални , аматерски одлуки, тренерите и професионални тимови кои играат против Јунајтед не го приметуваат тоа? Едни кои не си ги согледува и корегира грешките долго, долго време е Оле.
Прво, форсирање на игра со почнување на акција од штоперите, а при тоа играчите од средина ти се на дистанца од 20-30 метри еден од друг, мизерно, нефункцијонално, макар средината да ти биде составена од играчи ко Чави, Иниеста, Модриќ, Крос.
Форсирањето на неговите омилени играчи. Види го за пример Мек Томинеј, 90% од времето он се позиционира мизерно, односно, се поставува позади противнички играч и сам се трга како опција за пас. Ова кога се повторува од утакмица во утакмица, значи дека или тренерот е неспособен тоа да го примети или дека тоа е негова тактика. Бруно е толку далеку поставен од двојката во средина што и он е искучен како опција за пас во таква ситуација. Дефанзивно, Фред и Мек Томинеј се толку одвоени еден од друг, што Титаник може да помине меѓу нив. Толкав простор не е возможно да го бранат двајца играчи.
Второ. Офанзивниот дел. Цела тактика се сведува на кружење на топката и носење до крило за да се нафрли. Тоа е цела замисла. Нормално контри и полу контри, ако се укаже прилика. За пресинг да не зборам. Мизерен пресинг играме. И не е тоа поради Роналдо. Пресингот беше таков и предходно.
Ајде и за трансферите на Оле некој збор да пишеме. Поентата на носење на некој играч е унапредување на играта, подигнување на ново ниво, како на екипата, така и на играчите индивидуано. Колку од играчите што ги донесе Оле, го подигнале сопственото ниво во однос на предходниот клуб. Нула е точниот одговор. Ван Бисака, никаков напредок. Одличен во дефанзива, катастрофа во офанзива. Не знам со кој памет купија дефанзивен бек, во време кога бековите се премногу битни за офанзивата. Мегваер, истото ниво ко од Лестер, никаков напредок. Сезонава е катасрофа. Џејмс, Чемпионшип играч, без никаков напредок во Јунајтед. Телес едвај и да заигра, така да него не можеш ни да го оцениш. Варан изигра некои утакмици на високо ниво, но во Реал бил и уште подобар. Зареди периодов со повреди. Бруно, игра на истото ниво од кога дојде, она што го пиркажува сега (до пред месец, месец и пол), го причажуваше и на почетокот. Моментално има пад во формата, али секоко не може да збориме за некое подигнување на сопственото ниво на друг левел. Идивиуалниот квалитет негов е неспорен, затоа и се подигна нивото на играта офанзивно. Дони, тотално отсечен од страна на Оле. Премногу интелигентен и технички поткован играч за стандардите на Оле. Кавани и Роналдо, супер играчи, секако го подигнуваат квалитетот во нападот во одредени сегменти, но и имаат свои минуси. Пред се поради нивните години. Едниот често се повредува, другиот не може да трча и игра пресинг, мора да се штеди. Санчо, исто слаб. Главна причина за слабите игри на Санчо покрај малата миутажа е и тоа што Оле нема поима каков тип на играч купил и како правилно да го искористи. Тоа е случај и со голем дел од останатите играчи. За тоа е одговорен само тренерот и тие околу него. Никој не може да ме убеди дека недостатокот на топ ДМ не може до одредено ниво да се надомести со правино поставување и користење на Мек Томинеј или Фред.Ите како може средината на Јунајтед да функционира и со еден од овие у стартни 11, само треба Погба/Дони и поготово Бруно да ги приближиш доволно едни до други, да не мора во 80% од случаите еден играч да изнесува топка сам од своја половина 30 метри, а едина опција за пас да му биде назад до штоперот. Нешто што сите топ клубови го практивуваат успешно, освен Јунајтед секако. Квалитетен тренер знае како да ги покрие недостатоците на одредени играчи и позиции, лош тренер не.