Не гледам тука што е за радување. Ебани 30 милиони фунти за 16 годишно дете, со 5 утамици изиграни у Бирмингем, што утре може да се предомисли и да смени професија. Колку и да е талентирано детето, нема клуб, освен нашиов што би дале толку пари за детево. Да понудиш толку пари за детево, а од друга страна нудиш 50 милиони евра за Фернандес и не сакаш да платиш уште 10 колку што ти бараат, а нема кој да ти игра во моментов, е срамно. Ова само покажува дека клубов не знае кај тера. Ако случајно платат волку за детево, Спортинг треба 100 милиони да им бара за Бруно. Да не зборам што секој нареден трансфер клубовите од кои би купувале играч, ќе накачуваат цена баш поради парите што би биле дадени за 16 годишно дете, што уште со пелени игра, што се вика. Сакаме да бидеме ко Ливерпул, Сити и слични. Епа овие клубови ни на Фудбал менаџер не би фрлине волку пари за 16 годишно дете.
2 Моменти има муабетов.Првично истово и јас си го помислив, срамно е да се ценкаат со Спортинг а од друга страна да даваат 30м фунти за детиште од 17 години, али ми текна на твитовиве:
+ Тука имаше и конкретни цени во милиони наведени од скај, не можам да го најдам твитот.И наеднаш доаѓа следното и очекувано:
Скај упорно ги форсира муабетите за договор и индиректно ( а богами и директно) врши притисок врз сите страни освен Спортинг.Јас лично сметам дека е со умисла + дополнително за скај бет си ја куваат манџата, денес едно утре друго.
Не се фаќајте баш здраво за готово кога е скај у прашање, ептен жута штампа се станати последни 4-5 години.Не верувам дека е 30м фунти за детево Билингам, можеби е 20че и тоа зошто нејкат да го остават на позајмница во Бирмингем(а овие пробуваат тоа да издејствуваат).Ако сакаат да го дадат на позајмница, мислам дека упола цената може да се преполови.
Како и да е, од една стана и Бруно е коцка и не се знае дали ќе го биде и со причина се ценкаат.Зошто ако не им парираат, ќе ги ошурат Спортинг со 80м евра, а од друга страна не е арно да остават преседан дека ќе преплаќаат играчи со оглед дека ќе атакуваат на Санчо и Медисон.Што мислиш колку ќе бараат Лестер за Медисон ако Бруно е 80м или Дортмунд за Санчо?.Е сега, лично мене ме заболе, не ги давам јас парите, ама сум ок со ценкањето.
ПС: Ко ќе размислиш, Реал коа пука секоја зима по 40м евра за 16годишни бразилчиња не е проблем и никому ништо, додека у оваа ситауција со Енглези проблем.Додај на ситауцијата дека и ќе се деси Брегзит за 10ина дена и ќе се воведат построги правила за странци и домашни играчи.Тек тогаш ќе бидат барани Енглези и ќе бидат покачени цените зошто ќе се тепа цела лига за нив.
ППС: Знам дека не е многу меродавна статистика, ама малиов Билингам има иста статистика ко Канте и Ндиди во однос на чистења допки и challenges.Технички е многу поткован но и има јака дефанзива и wort-rate и баш ради ова го сметаат за ЦМ, инаку сегде го имаат играно.Повеќе овде:
https://twitter.com/StatmanDave/status/1219663645166182401