Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Со вакви ефтини голови, тешко до добар пласман.

Срединава е непостоечка, оние што треба да диктираат темпо. Не е ни чудно што Грилиш изгледа како Зидан. Добар тренер го вади Мата во 55-та минута, со свеж и енергичен играч, макар и Лингард бил, барем игра пресинг.

Да не можеш да увежбаш екипа да има удел со игра со глава. 80 корнери без даден гол. Срамота.
 
Како муви без глави се.Ако не пазари Оле зимава пиши пропало.
 
Убаво пиша некој, 3-ца од средина во Јануари. Ја би рекол, 2-ца се must, ма да нешто ми вика дека и да не купат нешто, ке ги вртат истите причи, no value in the market, we are waiting for the right signings in the summer, it's hard to buy quality players in January bla bla.
 
Последни 4 утскмици, Борнмут, Брајтон, Шефилд, Астон Вила, значи две екипи од Чемпионшип и две екипи кои обично до последни кола не се сигурни за опстанок у ПЛ, можни 12 бода и освоени само 5. Мизерно, мизерно, најмизерно. Следни утакмици ни се со Тотајнхем и Сити. Оле мизеријо, фаќај го Вудвард под рака и мрш у пичку матер.
 
#ОлеАут

Многу личи на тројански коњ Oле, си нема безе со периодон кога киневме.Многу сомнителни тактички одлуки има, дури и се да му е идеално мислам топ4 му е врв како тренер.

Не може асален тренер после онолку мизерно издание со Шефилд пак да игра со Фред и Переира + Мата непостоечкиот им го додава.Переира и Мата уште у 30та минута треба да се извадат, Переира го спаси првата асистенција.Буквално една работа потрефи се друго посра и се протна(инаку миелам на полувреме ќе беше изваден).

На долгорочен план мислам знае што сака, ама како тренер искрено почнувам да мислам дека не го бива.Многу тактички утки прави, ај Мата и Переира што требаше у 30та да ги извади, туку многу касно реагираше со измени.Уште во 55та минута почна да се менува играта и Вила почнаа да се влечат ко црева.2та наши гола беа на среќа.

Покрај Мата и Переира ( оценка со минус напред би им дал), Рашфорд беше тешка 0, ниедна работа буквално не направи асално.И он ко Переира, од нигде никаде 2 месеци ќе направи некој потег/гол/асистенција и на таа работа спие и се глупира цела утакмица.Марсијал беше крајно отсечен, што беше и разбирливо.
Џејмс се гуши десно ради wannabe Роналдо, а уствари е Елвис од шутка.Имаше Џејмс моменти и десно, ама повеќе лево.Штета нема тим за да се седнат на клупа Рашфорд и Марсијал и слични ним.


ПС: Дополнително излегува на површина совршенството на господинот Скот МекТоминеј, а богами и Погба.Средината ни личи ко да има 2 мифки од позади мтв и ги вози кој стигне.
 
Со вакви ефтини голови, тешко до добар пласман.

Срединава е непостоечка, оние што треба да диктираат темпо. Не е ни чудно што Грилиш изгледа како Зидан. Добар тренер го вади Мата во 55-та минута, со свеж и енергичен играч, макар и Лингард бил, барем игра пресинг.

Да не можеш да увежбаш екипа да има удел со игра со глава. 80 корнери без даден гол. Срамота.

Проблемот е шо не се само корнерите, години веќе немаат идеја. Ќе изиграат неколку добро, иди репрезентативна пауза или некој куп, и одма наредните 5 играат по старо.
 
И некни и денес успеваме да ги свртиме утакмиците, и не издржаа ни 5 минути без да примат гол :tapp:. Одбраната можеби е за нијанса подобра од лани ама сака уште доста работа, повторно има по милион глупости назад... За Фред да бидиме реални денес изигра доста добро, а со Шефилд и денес се гледа колку очајно фали МекТоминеј.
 
Многу наивно испуштаме бодови поради кој нема да можеме да фатиме топ 4 не дека топ 4 е недостижно. Не знаеме да задржиме водство со послаби екипи од нас исто беше со Саутемптн, Шефилд и сега со Вила. Мислам дека Оле тактички нема капацитет да води екипа која се бори за висок пласман и да ги има вистинските играчи.
 
Иначе не знам зошто мислите дека сме испуштиле 3 бода, 2та наши гола се на среќа, една асална акција немаше, тактички мизерни, вила до 60та беа подобри од нас.
 
Кажав јас во среда Покетино против Мурињо со сменети екипи. Друго решение нема.
И јас би сакал ова да се случи ама мислам дека барем до крај на сезона ќе го остават.Додека за наредната сезона не гледам зошто да го остават зошто не покажува дека има капацитет за да го врати Манчестер во врвот и максимум би му бил топ 4 и осовојување на ФА купи или Карабао куп.
 
Што изиграл денес Фред бе пријател ти извини не сакам да те навредам ама дали си ебано ќор ? Катастрофа средина катастрофа одбрана никаков транзит на топка. Правиме муабет за утакмица на Олд Трафорд против Астон Вила. Дебакл сите катастрофа. Срамота е да играат по 3-4 години заедно и да не знаат да сврзат два паса меѓу себе( Рашфорд и Марсијал). Тимов ни е составен од манекени и wanna be манекени. Капитен ни е човек што дошол летоска,а тренерот наш појма нема како да постави игра против различни противници.
 
Немаме избор во средина што да играме. Мора Фред-Переира или Фред-Матиќ со тоа што е достапно во моментов или пак Фред-Гарнер. Переира не е за за таа позиција и крај и лесно е да се игра против нас со такви прво недисциплинирани средни играчи. Друго е МекТоминеј..знае кога да пресечи, храбар и силен е во дуели, игра сигурни пасови. А резултатот на тоа што се доведовме во ваква ситуација е непазарењето уште во летото и сега ни го зема данокот таквата одлука. Со Фред-МекТоминеј ќе истуркаме до крај на сезоната, но за мене Фред не е тип кој може да биде првотимец во тим кој има високи аспирации. Од клупа за ротација би го прифатил. МекТоминеј со уште еден новајлија за таа позиција.

Друга работа е што Оле лошо ги анципира и нашите слабости и противничките. Денес уште од старт беше јасно дека баш заради дефанзивната слабост на Переира-Фред ќе бидеме изложени на пробиви кои ќе ствараат вишок по крилата. А и бочно бевме денес надиграни. Вилиамс и АВБ денес имаа огромна задача. Првиов не знаеше кај тера, вториов се држеше но не за она ниво на кое не навикна досега. Наместо да се дадат инструкции дефанзивно да бидеме позбиени и да се внимава баш на тие наши слабости, батката од стол не стана. И измената со Шо беше доцна според мене, колку и да го сакам Вилиамс.

И за крај, добра работа е што младиве добиваат шанса, но за жал немаме лидери кои ќе превземат одговорност и младите ваквите лоши перформанси да ги шалтаат. Ситуацијата е тоа што од младите очекуваме резултати, а една од лошите карактеристики кај секој млад играч е неговата неконстантност. Може да врзи 3-4 добри натпревари и потоа во наредните толку да бидат невидливи.

Не знам дали навистина одиме во вистинска насока, но ете нека продолжи Оле со и онака на веќе загубена сезона да најде позитивни страни. Летото ќе му биде последна шанса да скоцка тим кој наредната сезона ќе мора да носи топ 4. По летниот трансфер период секој лош перформанс ќе значи и посигурна закана за неговото столче.
 
Абе кој Оле кој бакрачи, кој сака нека дојди тој е максимумот со овие играчи. И Ван Бисака последните утакмици ми делува како да е изгубен, Марсијал исто нигде го нема ни со Шифилд ни денес, имаше една шанса го префрли цел гол и то беше се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom