Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Прво и јас на тоа помислив но ни Гигс не беше нешто најбрз последните пет шест години ама имаше техника. И Робин има техника исто но последнава сезона и таа го разочарува. Фрст тачот на Робин моментално е 0. За споредба Гигс на 40 години го вртеше Ивановиќ како вртелешка. Против Тотенхем ни на Фалкао не беше најдобар така да држи вода мислењето....Во ред е. Знам дека си една од најобјективните овде и често се расправаш со тие што мрчат за секоја ситница овде
Глупо ми беше тоа со брзината само. Еве Перси е бавен напаѓач но до лани беше топ 3 напаѓач во свет. Левандовски исто така.
Нема многу (брзи) напаѓачи во моментов кој се пред Фалкао и Перси. Особено не кои што се достапни на пазарот.![]()

кога се фаќаат замерки за глупости, стварно е иритабилно но ситуацијава со спретноста на нашиве напаѓачи не е баш најсјајна. Примети во контра кога ќе тргнеме, напред летаат Руни, Ди Марија и Мата. Разбирливо е Фалкао што уште не е во топ форма и затоа сега за сега не замерувам многу што се губи во дуели, али поарно за него е да земе да работи во теретана, со терапевт, било што и да се врати тип топ па да биде откупен отколку Мендес или жена му да даваат изјави за него.
Анализана што искочи дека моментално само Барселона (имаат забрана) , Реал, Баерн и ние можат да фрлаат баснословни суми на играчи не му помага воопшто. Ќе си дреме најверојатно во Монако или ќе игра во Јувентус за плата слична ко онаа на рандом македонски стечаец.

Така да мислам во заеднички интерес, и за нас и за него е да ги затне сам Мендес и жена му и да се концентрира на опоравување. Затоа што за кратко стана fan favourite и може да даде многу за клубов а и гледаме сите дека секој даден гол му значи со оглед на радувањето негово.