goodlife_filipsis
Believe
Зошто Клајн го спомнуваш кога прво он е десен бек и од што толку добро се покажа дури Чемберс му го зема местото во тимот. Клајн е талентиран но и Чемберс е, ама зошто ги споредуваш со Шо и која иста логика? Па Лихштајнер беше ужас на мундијалов, какви само грешки правеше а поискусен е од Родригез. Швајцарија имаше меѓу најдобрите одбрани на мундијалот? Тоа го тврдиш зошто дуото Џуру и Сендерос играа "добро" или зошто катастрофален беше Лихштајнер, баш лоша одбрана имаше Швајцарија. Па Нигерија која не играше во иста група со Швајцарија имаше подобра одбрана од нив и Иран а имаа далеку послаби имиња во ростерот а играа во група со Аргентина и БиХ. Не ги омаловажувам лигите, далеку од тоа и не е битен маркетингот кога во Бундеслига овој игра против против многу послаби играчи а Шо игра против Суарез, РвП, Руни, Туре, Агуеро, Подолски и многу други квалитетни играчи за разлика од Германија, Шпанија и Франција каде се знае кој е кој и колку се послаби лигите и останатите тимови од Англија. Шо плус пред две години почна да игра фудбал на врвно ниво а овие имаат поголемо искуство, спореди каде е Шо а каде се они. Шо со 18 години беше избран во тимот на сезоната во Премиер Лига. Плус тоа за Франција не е точно, на најважниот натпревар Франција нападна со две крила, против Германија кога играа и Валбуена и Гризман а и кога не играше Гризман тогаш Бензема играше на лева крилна позиција.Клејн е подобар бек од Шо и тоа е факт ако одиме по истата логика како со Швајцарија. Ако гледаш така, види ја статистиката на Саутемптон по која страна повеќе се напаѓа и која страна се смета за послаба .
Ова со Швајцарија и Франција не ти држи вода бидејќи Франција сите утакмици напаѓаше по таа страна зошто играше повеќе од утакмиците со едно класично крило, дај барем види точно што е како е и пиши после. И друго, ти сакаш да напаѓаат по страната на Лихштајнер?! Или ти се изгуби патем некаде тоа МЛАД што го имаше низ постовиве? Нема менаџер што ќе избере да се напаѓа по искусна страна кога на спротивната имаш 21 годишен бек. Освен таа утакмица. При што повеќе беше прихолошки изгубена и немаше никакво значење. Швајцарија имаше меѓу најдобрите одбрани на мундијалот.
Друго не знам зошто упорно ги омаловажуваш другиве лиги. Не ми е јасно. Можеби немаат маркетиншка моќ како ПЛ да ги земаат сите квалитетни играчи но не заборавај дека тие играчи се калени во Бундес Лига и Примера најчесто.
Ако не бил комплетен Фердинанд на 24 години, Шо е на 18.
Се надевам нема да дојде време да те потсетувам на муабетов.