Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Па реално освен руни и рвп, другите играчи се рамни на просеци за во мали екипи. Добро е што ја согледал на време реалноста, мојс.

Не е баш на време. Малце касно е...

...или рано, ако сметаш дека до Јануари има цели 3 месеци. :D


:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Да, ама ако Мојс како менаџер каже "нема шанса да освоиме ЛШ" како би се мотивирале играчите и би се бореле за да освојат ЛШ? :) И нели не се битни само имињата, битно е да знаеш да направиш тим од фудбалерите кои ги имаш, да се разбираат меѓу себе, да се борат и да се надополнуваат... И 2011 немавме тим за ЛШ, па земавме ПЛ и игравме финале на Вембли. И лани го имавме истиот тим, па Реал ги убивме на тактички план, се додека не добивме црвен картон... :)

Мојс виде не му оди баш како што планирал, па уште од сеа си бара изговор за евентуално рано испаѓање од ЛШ. :)

Мојс треба да го реструктуира тимот. А не може да реструктуира тим ако цело време изјавува дека има доволно квалитет за борба за освојување на ЛШ. А нема. Во 2011, Јунајтед од ЛШ во вистинската смисла на зборот ги види само тогаш ужасниот Челзи и Барселона. И со Барселона заврши како што заврши. Лани Реал беше првиот и последниот сериозен противник. :)

Џабе да фантазираме, овој тим нема квалитет да освои ЛШ. Ама има квалитет да пројде групи и да победи отпад екипи ко Марсеј и Шалке. Ако Мојс отпадне од некои такви, нема оправдување.
Добро, а зошто додека траеше трансфер пазарот упорно тврдеше дека овој избор на играчи што му се на расплагање има квалитет?

Затоа што има разлика помеѓу има квалитет и има квалитет за ЛШ. Мојс прави петгодишен план, ко и Фергусон предходно. Јунајтед не функционира сезона за сезона.
Како бе не кажал ништо погрешно?Не биле доволно квалитетни играчите,немало класа играчи... Кој менаџер смее тоа да го каже за својте играчи,без разлика какви и да се.Влијае тоа на психата.
Имаше вчера некој коментар читав некаде ,вика ‘‘сеуште не ги знаел играчите, па било кој фан на јунајтед да го ставиш на клупа немаше така катастрофално да изигра со составот и замените‘‘ Како и да е уште наредниве две утакмици има подршка мојсије од мене ,па и од сите други мислам. АКо изгуби во лш и пл,лошо му се пишува.Џабе 6годишен договор и манчестер работел на долгорочно.... и др дрн дрн јариња.
Има само двајца класа фудбалери и неколкумина на кои им фали искуство за класа фудбалери. Јанг, Керик, Валенсија, Нани и останатите здрели играчи не се врвни фудбалери. Факт.

Влијаело на психата. :D Баш тоа и треба, да му се влијае врз психата на Јанг, за да сфати дека не е суперѕвезда.
 
Мојс треба да го реструктуира тимот. А не може да реструктуира тим ако цело време изјавува дека има доволно квалитет за борба за освојување на ЛШ. А нема. Во 2011, Јунајтед од ЛШ во вистинската смисла на зборот ги види само тогаш ужасниот Челзи и Барселона. И со Барселона заврши како што заврши. Лани Реал беше првиот и последниот сериозен противник. :)

Џабе да фантазираме, овој тим нема квалитет да освои ЛШ. Ама има квалитет да пројде групи и да победи отпад екипи ко Марсеј и Шалке. Ако Мојс отпадне од некои такви, нема оправдување.
Абе не викам јас дека ќе сомелиме се што ќе ни дадат, напротив... Изигравме 3 дерби утакмици до сега, една шанса не направивме, а не па да имавме шанса за победа.

Ама колку и да е реално, не требало вака јавно Мојс да каже оти освен 2-3ца сите се просеци во Јунајтед. Нека им каже лично, дека сака повеќе да се трудат, дека не е задоволен како играат и дека ако не го дигнат нивото на игра ќе си ги соберат куферите. Оти види, еве Руни и Перси се фудбалери од светска класа. И Кагава е малце испод, само треба да му даде free role според мене. Видиќ верувам дека уште година-две може да царува во одбраната, Керик колку и да знае да искиксе, последните 2-3 години игра на одлично ниво. Можеби не светска класа фудбалер, ама работа може да заврши, нели? :) Голманот исто ни е одличен, Рафаел оди се на подобро и подобро, Мојс тоа мора да знае да го искористи, па и во Рафаел ќе имаме одличен десен бек, со потенцијал да стане светска класа играч. Истото важи и за Џонс. И ако успее да го разигра Нани и да му ја врати формата, ќе имаме одлично и модерно крило пред се. Значи, вака-така можеме да закрпиме тим од 11 фудбалери кој може да се надигрува со големите европски екипи. Е сеа што измена за Руни е Велбек, што Гигс мора да игра прв тим, што Јанг ни е опција за крило, што нема друг фудбалер со карактеристиките на Кагава...тоа е веќе друго. :)

Ама од друга страна, како што викаш ако ни се намести ждрепката како 2011, оти да неможеме до финале. :)

И да, оти тогаш серење по Руни, кога тогашниот Манчестер, кој тој го оцени за неамбициозен беше уште послаб од овој Манчестер...и пак да спомнам стигна до финале ЛШ и зема ПЛ.
 

Македа со нов гол за Донкастер. На 3 настапи од кои 2 како стартер има дури 3 гола. Како не отиде на позајмица порано во тим кај што ќе играше а не во Сампдорија, КПР или Штудгарт. На зима е пресудно за него, или можеби Мојс ќе му даде нов договор на 1 - 2 години или ќе земеме можеби некоја фунта за него.
 
Ништо погрешно не кажал. Освојување на ЛШ на овој Јунајтед е рамно на библиско чудо.

Тоа малтене на сите ни стана јасно од кога заврши трансфер периодов. Со формава, и начинот на кој се пристапува, сезонава многу тешко на нешто да се израдуваме.

Не ми е јасно само зошто дава ваква изјава? Што е самата изјава уствари?
Оправдување? Еј јас ви кажав уште на почеток на сезона нема да освоиме, Баерн имаат 6-7 класа играчи, ние немаме толку, не сум јас крив..

Воопшто не е океј, на ваков начин да постапи. Го префрла теретот на играчите, ние немаме квалитет, затоа не освојуваме.
Кажи им бе, јас сум крив. Не можам да ја најдам правата формација. Играчите даваат се од себе, јас сум крив и резултатите се моја кривица. Нели Мурињо сите го почитуваат за овој начин на играње со медиумите.
Последно нешто што е потребно во вакви моменти, Мојс да се курчи додатно, не признавајќи ги сопствените грешки (кои патем и да не се негови, треба да ги преземе, за доброто на сите).
Стварно не ми е јасен човеков, го избраа, па и 3 години ЛШ да не видиме, уште ќе имаат трпение за него.. зошто е толку уплашен?
Мојс треба да го реструктуира тимот. А не може да реструктуира тим ако цело време изјавува дека има доволно квалитет за борба за освојување на ЛШ. А нема.
Сосема точно. Ама утнато е времето на изјавата, дека немаме доволно квалитет. Што не го изјави тоа во август. И после да му се нафрлиме од кога заврши трансфер периодот.

Затоа што има разлика помеѓу има квалитет и има квалитет за ЛШ. Мојс прави петгодишен план, ко и Фергусон предходно. Јунајтед не функционира сезона за сезона.
И ова за планирањето е точно. Еве 5 години, ако може на непочната лига да ни обеќа дека нема да освоиме, нека ни обеќа дека наредни 5 години ќе ни донесе ЛШ трофеј. Муабетов е смешен, глуп и детски, ама таква му е и изјавата.

На крај краева, се слагам со се што си пишал. Фино што му е јасно и на Мојс. Ама кажи ми 1 причина зошто изјавава е неопходна..
Мене ми личи дека има страв во коски, за на непочната лига, тој да изјави дека ништо нема да напраиме. Да не глеаме ЛШ, нека ни каже коа планира да ја освои, за да не губиме време сеа.
 
После војна сите сме генерали, тоа е секогаш така, но факт е дека Манчестер Јунајтед е во катастрофална форма, можеби во најлоша ситуација во последните 10-15 години. Најстрашно е што немаме игра, нема смислена акција, средината и одбрната се мизерија, за крилата да не правиме муабет ( а нели тие на времето беа трејд марк за Јунатед), контра напад - што е тоа?
И кој што сака нека каже, но Дејвид Мојс е најповикан и главен виновник за лошите резултати, да не заборавиме дека господинот го има истиот тим од лани, кој ја освои титулата со 11 поени разлика. :facepalm:
Јунајтед нема постигнато гол од open plаy уште од првото коло против Свонси :mad: (со исклучок на мечот со Баер Л.) затоа што нема креативност, нема кој да смисли акција. Џонс го мачи на DR (каде реално не го бива) наместо да го стави на DC. Алекс Битнер :tapp: - тотално промашување, еден од најслабите фудбалери во ростерот, дечкото едноставно не е за во голем клуб, а тоа се докажа и вчера. Рио, брат, време е ...
Андерсон - вечниот млад талент, изгледа толку му е капацитетот, под итно треба да добие исписница (исто како и Јанг, добро е што вчера бевме поштедени од Мојс).
Секоја чест за Руни :cuc:, во последно време само тој игра, Нани најверојатно се враќа во форма. Јанужај, исто така, одигра солидно мора да се принзнае, иако е прерано да добива шанса на вакви значајни натпревари.
Иако нема ниту еден позитивен сигнал од стартот на сезоната, јас се уште цврсто верувам дека можеме до одбрана на титулата (не може во тоа никој да ме разубеди, сезоната завршува дури во мај) и ја рачунам само разликата со Челси. Ова не е ниту прв ниту последен пораз, тим како Јунајтед не се отпишува така лесно, и време е конечно да влеземе во серија победи ...
 

И Мојс го кажува истото, тргни го насловот на страна.Тој се споредува со Реал, Барса и Баерн и споредбата му е сосема точна. Никаква изјава нема да му оправда отпаѓање во групи или при среќна ждрепка.

Ако правиме анализа на играчи, треба да се водиме по 22+3 клуч и да ги поделиме играчите по категории. Доколку јас сум Мојс, тоа би изгледало вака некако за наредниве 5 години. Формацијата е 4-4-2 (со вториот напаѓач поповлечен) и тоа многу тешко да се промени.

Голмани - комплетно покриено, дури и Линдергард е вишок. Доколку некој (Реал или Барса, бидејќи им треба голман) понуди светски рекорд за голман за Де Геа, би требало да го пуштат, може да се најде сосема солидна замена.

Дефанзивци:
- првотимци: Рафаел
- искусни кои би можеле да покриваат: Видиќ и Евра
- ротациски што би стигнале до првотимци: Џонс и Еванс
- Вес Брауни: Смолинг
- вишоци: Фердинанд, Фабио и Бинтер

сумарно во одбрана фалат првотимски лев и централен бек и десен бек за ротација (тука може да покрие Варела, ако е добар колку што очекуваа).

Среден ред:
- првотимци: Фелаини
- искусни што би можеле да покриваат: Керик
- ротациски што може да конкурираат за првотимски: еден од Нани или Валенсија (за да добие шанса Заха)
- ротациски што би стигнале до првотимци: Заха, Јонужај и Лингард
- Вес Брауни од среден ред: Клеверли
- вишоци: Јанг, Андерсон и Кагава (само затоа што во оваа формација ја нема неговата позиција)

сумарно фалат двајца плејмејкери (или еден, ако Пауел биде добар) и лево крило

Напад:
- првотимци: Руни
- првотимец што треба да добива одмор: Перси
- ротација и покривање: Чикарито
- Вес Браун од напад: Велбек

фали уште еден класа напаѓач.

Се на се, како што јас го гледам Јунајтед, фалат 5 до 7 фудбалери, од кои бар тројца ќе треба да бидат светска класа за да може да се гледа на тимот како на клуб рамо до рамо со Баерн или Барселона. И тоа не е ништо недостижно за средување во наредниве година-година и пол, особено ако се земе во предвид дека ќе има исто 5 до 7 фудбалери кои ќе може да ги продаде.

Ти гледаш на изјавата како оправдување, јас гледам како на амбиција. Тој пред некое време кажа дека неговиот Јунајтед ќе го видиме за година до година и пол. По ова што го кажува, сака неговиот Јунајтед да биде на ниво на Баерн.

И план за 5 години, не значи освојување на титула после 5 години. Успешна петолетка значи бар три титули (под титули подразбирам ПЛ и ЛШ, не мики маус купови) во тие 5 години.
 
Се на се, како што јас го гледам Јунајтед, фалат 5 до 7 фудбалери, од кои бар тројца ќе треба да бидат светска класа за да може да се гледа на тимот како на клуб рамо до рамо со Баерн или Барселона. И тоа не е ништо недостижно за средување во наредниве година-година и пол, особено ако се земе во предвид дека ќе има исто 5 до 7 фудбалери кои ќе може да ги продаде.

На Манчестер му фалат нов Сколс нов Гигс. Едем супер квалитетен офанзивен играч од среден ред, кој знае да стартува како централен одбрнбен, и супер квалитетно лево крило. Како што гледам, Мојс не планира да се откаже од 4-4-2 , а во таква формација нови Сколс и Гигс се неопходни. За Кагава нема место. И плус еден централен одбранбен одлично би дошол, на Рио му помина времето. Нападот на Манчестер е најдобар во лигата.
 
Еден супер квалитетен офанзивен играч од среден ред, кој знае да стартува како централен одбранбен

Oва ќе биде најтешко за наоѓање. Ама сам си ја избра формацијата, нека чука глава сега. :D
 
Oва ќе биде најтешко за наоѓање. Ама сам си ја избра формацијата, нека чука глава сега. :D

Да, Сколс за многумина е еден од најдобрите играчи од среден ред во историјата.

А навистина мислев дека заради Кагава ќе се смени формацијата. Наместо тоа, Мојс го малтретира да игра крило. Ниту има пробивност, ниту физички карактеристики Кагава за таа позиција...
 
[quote="Inglourious Basterd, post: 6147643, member: 38711
Ти гледаш на изјавата како оправдување, јас гледам како на амбиција. Тој пред некое време кажа дека неговиот Јунајтед ќе го видиме за година до година и пол. По ова што го кажува, сака неговиот Јунајтед да биде на ниво на Баерн.

И план за 5 години, не значи освојување на титула после 5 години. Успешна петолетка значи бар три титули (под титули подразбирам ПЛ и ЛШ, не мики маус купови) во тие 5 години.[/quote]


Со тек на времето ке биде, само треба да учиме од грешките и поразите. И Баерн беше во исто "дереџе" во 2008-2009 Oliver Kahn се пензионира, Ottmar Hitzfeld отиде за Швајцарија. Имаа лоша сезона, не овоија ниден трофеј, дури имаа порази 2-5 од Вердер, 5-1 Волсбург, Барса ги декласираа со 4-0 уште од првото полувреме. Научија од грешките и поразите, добри трансфери, трпеније и сега се сила.
И нас ни треба истото.
 
Inglourious Basterd

Во главно се сложувам, ама јас повеќе сум да се смени формацијата, отколку Кагава да биде во вишокот. Знам дека Јунајтед на Ферги правеше лом преку крилата, ама реално моментално слаби ни се крилата па многу поисплатливо е да се искористат квалитетите на Кагава, отколку да го мачиме него на лево крило, или Велбек на пример. Има 300 формации, може да се прилагоди на повеќе начини, штета само што немаме уште еден квалитетен играч од средниот ред.


П.С. Тоа со Вес Брауните ти е ептен јако. :icon_lol:
 
Inglourious Basterd

Во главно се сложувам, ама јас повеќе сум да се смени формацијата, отколку Кагава да биде во вишокот. Знам дека Јунајтед на Ферги правеше лом преку крилата, ама реално моментално слаби ни се крилата па многу поисплатливо е да се искористат квалитетите на Кагава, отколку да го мачиме него на лево крило, или Велбек на пример. Има 300 формации, може да се прилагоди на повеќе начини, штета само што немаме уште еден квалитетен играч од средниот ред.


П.С. Тоа со Вес Брауните ти е ептен јако. :icon_lol:

За Кагава се согласуваме, ама тогаш Руни би станал вишок. Очигледно е дека телето не сака да игра поповлечено. А Мојс е британец, тие помеѓу нивни и жолт секогаш ќе го изберат нивниот. :D
 
За Кагава се согласуваме, ама тогаш Руни би станал вишок. Очигледно е дека телето не сака да игра поповлечено. А Мојс е британец, тие помеѓу нивни и жолт секогаш ќе го изберат нивниот. :D

Eпа еве викаш Перси напаѓач што треба да се одмара. :D Како и да е, ќе видиме што ќе биде, само нека донесат некој салам бокс ту бокс играч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom