А колку му треба да го уигра 1 сезона, пола сезона 3 месеца?
Веќе цел месец играч на Јунајтед ако не е спремен тоа е до неспособноста на менаџментот и тренерите.
Само ме интересира Лукаку колку ќе му треба да го вметне во тимот Тухел
И само за споредба Грилиш на 5ти потпиша на 7ми беше замена и отогаш е стартер.
Чисто информативно Санчо е во Јунајтед од 22 ЈУЛИ 2021.
Сеа со сила се правиш магаре и идеш со глава у ѕид. Санчо се врати 1 недела покасно од предвиденото, погоди зошто - бил "болен". Малце не ми е верно дека професионален фудбалер во лето може да се разболи туку така (освен ако не се праел тиква секоја вечер и му прегорело телото), што укажува на тоа дека имал корона братот.
Како и да е, корона или не, 20 годишен играч кој доаѓа од лига со поспоро темпо и го следат големи очекувања + физички неспремен. Лесна мета за проблеми, дали медиумски дали да закачи повреда и да си ја заебе цела сезона.
Значи да се преброиме, Санчо дојде на тренинг 5 дена пред утакмицата со Лидс, што значи имал 5 тренинга. Во вторникот имале натпревар и утре дента одмор, а вчера денот го поминале во патување. Значи се на се, Санчо има 8 тренинга со тимот, кондициски или тимски, којзнае какви биле. Премалце е за одма да се фрла во оган, а нема реална потреба.
Клучни зборови: Болен, 8 тренинзи, нова и потешка средина, голем притисок и очекување, лесен распоред. Ризик поголем од добивка.
Варан полесно би се адаптирал, ама и на него му треба малку време да си ја крене кондицијата. Не гледам поента на веќе добро воиграно дуо, да му се руши балансот, поготово со екипа ко Саутемптон. Распоредот ни дозволува пополека да ги уходуваме играчиве.
Клчучни зборови: Без физички припреми, историја со повреди, 5 тренинга, нова средина, лесен распоред.Ризик поголем од добивка.
Hope this helps
