Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не примаме гол за жива глава, али за овие 555 минути без примен гол, имаме и среќа во неколку наврати. Берахино се подисплаши малку од топката, иако беше зицер. Не памтам тачно, али околу 800 минути изгледа беше рекордот на Ван Дер Сар.

Мртво прво полувреме, а далеку подобро и поживо второ. Фала богу што го извади Руни, уште овие од MOTD викаат, добро е што капитенот не прави сцени кога го вадат. Уште тоа фали. Иако, пожив нешто беше денес Руни.
Ван Гал си ги зеде заслугите за голот на Лингард, како што и обичо прави :pos:

Се на се, добра победа, добра одбрана, али не би било лошо да креираме која шанса плус, и да шутираме надвор од 16 метри. Браво за Џеси и Марсијал. Рондон уште не можат да го извадат од џебот на Смолинг.

Нормално е да се има и малку среќа во одбраната. Дури и Милан кога играше со веројатно најдобрата одбрана во осторијата на фудбалот, Малдини, Барези, Костакурта, Тасоти, одбрана која рушеше рекорди во непримање голови, имаше среќа во одредени ситуации.

Руни вчера одигра добро. Почесто беше со лицето накај голот, повеќе трчаше, повеќе се залагаше. Лингард беше многу добар, му фали само малку повеќе физичка сила. Швајни закон, може слободно да ме заебавате за муабетот дека е за пензија.

Мислам дека управата од Ван Гал има инсистирано стриктно на резултат оваа сезона. Без разлика како игра Манчестер, оваа сезона не смеат да дозволат луксуз со неиграње ЛШ следната година. Сеуште недостигаат работи за овој Манчестер да биде шампионски тим.
 
Последно уредено:
Oфицијално сме тим со најмногу clean sheets годинава, што е добар знак. Се слагам со вас што велите дека се иде на резултат, без оглед на тоа дали е добиен по the United way, или вакви тешки победи со малку шанси.

Катастрофа од епски размери ке биде ако не играме ЛШ сезонава, со онаков Челси. Кога ги гледаш брзите Лингард и Марсијал, тачно гледаш во која насока треба да се движи Јунајтед. Мило ми е за Лингард, веќе во неколку наврати доаѓаше толку блиску до постигнување на гол, пречка против Сити, статива против ЦСКА, и му се посреќи вчера.

Веќе втора недела како сме има скаути на Јунајтед во Лестер.
 
Има негде да се прочита филозофијата на Ван Гал?
Па незнам дали има издадено книга Ван Гал, ама ако ги гледаш и пратиш сите тие мали детали ќе знаеш за што станува збор. Човекот сака играта на Манчестер да се одвива со посед, со мали маневри, секој си ја знае својата работа, секој својата позиција да си ја спазува, и по одредено време ќе има резултати.
Ако така гледаш на работите(три натпревари не дадовме гол, ајде нека го отпуштат), тогаш Глеизирите ќе треба да менуваат менаџери на секои два месеца.

Оваа игра што ја спроведува ВГ треба многу работа,време(година до две),разбирањето на играчите да ја разберат оваа филозофија и титулите ќе дојдат.

Кога дојде ЛВГ тимот имаше многу играчи од типот " мртва шума", и затоа тој си го започна својот процес. Тоа лето мислам дека си отидоа околу 15- тиана, а дојдоа 6 ( многу паметен потег ако се знаеше дека не играме во Европа компетициите). Од тие 6 играчи, двајца веќе беа договорени и тој даде само согласност дека може да потпишат, а 4- те други беа негов тип играчи од кои Блинд и Рохо му се успешни, а Фалкао и Ди Мариа ги знаеме причините. И покрај тоа што имавме цела сезона повредени играчи со 15 минимум( дали тоа е негова кривица незнам, ама според типот на повредите Ван Гал не беше крив), тој им пружи прилика на неколку малди играчи меѓу кои МекНаир и Блекет од кои овој првиот малку ја искористи шансата, а вториот не(нема потенцијал за прв тим и затоа ојде во Селтик на позајмица), Манчетер успеа со раскршен состав да дојде до 4 место и пласман во ЛШ.
Во втората, односно оваа сезона, ова лето ЛВГ продолжи со "чистењето", односно доведуваше играчи кои ќе се фклопат во играта, а ги ставаше на трансфер оние кои не можеа да се снајдат или имаа помала минутажа. Ја реши ситуацијата со голманите, одбраната ја консолидираше и дефанзивниот пристап на средниот ред. Јасно беше дека тој сака Блинд да игра и затоа му најде место на ЦБ, ако се знаеше дека сме тенки таму, и поради доведувањето на Бастиан и Морган и поради желбата сезоната да ја почне со Лук Шо на позицијата лев бек, мораше Блинд да го повлече еден ред наназад.

Е сека како што и самиот ВГ изјави дека клубот му дал 3 годишен договор и за тоа време ќе го врати Манчестер таму дека Фергусон го остави, тоа како што гледаме и се остварува.

Оваа формација и пристап е многу поразличен од оној на кој се навикнати играчите, ама како што гледам полека резултатите почнаа да доваѓаат, а со тоа ќе дојде и играта. Оваа игра не е онаа класична 442 формација, каде на пример крилото има задача да го помине својот ривал,односно бек и да центрира во офанзивен план, и да чува еден од противничкиот играч, бек или крило во дефанзивен план. Затоа овој пристап на ВГ е посложен и треба повеќе време додека играчите ја сфанат филозофијата.
 
Почнав да пишувам нешто поврзано со тоа дека Филозофија и Фудбал не идат во една реченица бидејќи во спротива ФФМ ќе беше МАНУ али ај. Имаш game plan и форма на играч за секоја утакмица и за секој противник. Толку. Се друго е сејфти бленкет, нешто ко Бучковски кога збори во трето лице еднина за себе : ))))
 
Ван Гал кога дојде рече дека потребни се 3-6 месеци за да се сфати филозофијата, а не 3 години. Или таа филозофија е премногу сложена, или играчите се глупави. Трето нема.
 
Мислам дека бев јасен.
Тоа што ВГ изјавува се мојата филозофија, мојата филозофија, мојата филозофија, тоа е уствари негов начин на размислување и така се изјаснува, исто како Мурињо дека е специјален, Клоп дека е нормален итн. Исто што лани ВГ изјавуваше дека борбата за 4 место ја викал рат рејс сите му се исмејуваа, а оно уствари тоа бил холангански израз за тоа колку е неизвесно и блиску помеѓу неколку клуба.
И да фудбалот не е толку проста работа како што ти ја преставуваш. Да беше така сите ќе беа менаџери-тренери-селектори.
 
Последно уредено:
Oфицијално сме тим со најмногу clean sheets годинава, што е добар знак. Се слагам со вас што велите дека се иде на резултат, без оглед на тоа дали е добиен по the United way, или вакви тешки победи со малку шанси.

Катастрофа од епски размери ке биде ако не играме ЛШ сезонава, со онаков Челси. Кога ги гледаш брзите Лингард и Марсијал, тачно гледаш во која насока треба да се движи Јунајтед. Мило ми е за Лингард, веќе во неколку наврати доаѓаше толку блиску до постигнување на гол, пречка против Сити, статива против ЦСКА, и му се посреќи вчера.

Веќе втора недела како сме има скаути на Јунајтед во Лестер.
искрено јас очекував Лингард да дебатира пред Јанзуај, ако памтиш пред две години мислам беше на турнејата кога искина малиов и ептен чудно ми беше што не доби шанса за во прв тим
 
Ван Гал кога дојде рече дека потребни се 3-6 месеци за да се сфати филозофијата, а не 3 години. Или таа филозофија е премногу сложена, или играчите се глупави. Трето нема.
Да друже точно е тоа дека така рече, ама потоа изјави дека било глупаво од негова страна така што рекол. Бидејки медиумите во Англија ја споредуваа сезоната прва на ВГ во Манчестер со онаа кога беше во Баерн и тогаш кога Баерн мина групи ЛШ после победата над Јуве во Декември, и овој неумислено изјави така дека му трбаат 3 месеци. А и реално ниту тој самиот не верувал дека ќе биде толку тешко во првата сезона, ама ете се снајде, сега чекориме во вистински правец.
 
Мислам дека бев јасен.
Тоа што ВГ изјавува се мојата филозофија, мојата филозофија, мојата филозофија, тоа е уствари негов начин на размислување и така се изјаснува, исто како Мурињо дека е специјален, Клоп дека е нормален итн. Исто што лани ВГ изјавуваше дека борбата за 4 место ја викал рат рејс ис сите му се исмејуваа, а оно уствари тоа бил холангански израз за тоа колку е неизвесно и блиску помеѓу неколку клуба.
И да фудбалот не е толку проста работа како што ти ја преставуваш. Да беше така сите ќе беа менаџери-тренери-селектори.

Фудбалот не е проста работа, али не е ни филозофија. Сакам да кажам многу лесно се налепивте на терминот филозофија па уште и поддршка за филозофијата која ете субјективно се толкува :) Затоа прашав дали има негде официјално објаснување од негова страна. Бидејќи вака може лесно да не мота : ))
 
Ван Гал кога дојде рече дека потребни се 3-6 месеци за да се сфати филозофијата, а не 3 години. Или таа филозофија е премногу сложена, или играчите се глупави. Трето нема.

Зависи како гледаш...Јас сметам дека филозофијата која ја говори цело време е веќе втемелена во овој состав. Се гледа тоа од далеку. Тимот е веќе познат по стилот на игра на ЛВГ. Изгради сопствен стил кој е различен од тој во минатото. За пример Јунајтед под Мојс не ни имаше стил на игра по која би бил претпознатлив. Се беше топло ладно. Балансот на тимот по кој трагаше ЛВГ со засилувањата оваа година е веќе постигнат и е столбот на тоа што играме беспрекорно во дефанзива.
 
Фудбалот не е проста работа, али не е ни филозофија. Сакам да кажам многу лесно се налепивте на терминот филозофија па уште и поддршка за филозофијата која ете субјективно се толкува :) Затоа прашав дали има негде официјално објаснување од негова страна. Бидејќи вака може лесно да не мота : ))
ВГ наместо да изјавува " мојот начин на размислување е..." тој изјавува " мојата филозофија е...".
Мислам од овој поедноставен пример нема.
 
ВГ наместо да изјавува " мојот начин на размислување е..." тој изјавува " мојата филозофија е...".
Мислам од овој поедноставен пример нема.

Јасно ми е зашто ја мења терминологијата, баш ради тоа и го критикувам. Неговата филозофија - противникот нека се прилагодува на мене, а не јас на него функционира кога ќе имаш 11 специјалци од светски калибар спремни да мелат. Согласно моменталната ситуација, 3-6 месеци не. 2-3 години мооооожда.
 
Зависи како гледаш...Јас сметам дека филозофијата која ја говори цело време е веќе втемелена во овој состав. Се гледа тоа од далеку. Тимот е веќе познат по стилот на игра на ЛВГ. Изгради сопствен стил кој е различен од тој во минатото. За пример Јунајтед под Мојс не ни имаше стил на игра по која би бил претпознатлив. Се беше топло ладно. Балансот на тимот по кој трагаше ЛВГ со засилувањата оваа година е веќе постигнат и е столбот на тоа што играме беспрекорно во дефанзива.
Точно. Како што еден пат изјави Фердинанд за Мојс, еден пат им викал посед да играат, еден пат на контри, еден пат на високи топки итн.
Значи не се знаело кој пие а кој плаќал.

А и реално да зборуваме, кога Мојс прв пат влегол во соблекувалната каде секој играч имаше со голем број на титули, а тој ниедна и да сакале да го поштувале неможеле бидејки немал ништо зад себе.
 
да летнеа 2-3 да видиш како други ке беа работите, со загарантираниот првотимски статус сам си се подјеба Мојс и мораше заби да покаже
Едвај чекам Гигси да биде тренер мислам к'не е човекот има маме да им ебе
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom