ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.949
- Поени од реакции
- 44.624
- Возраст
- 31
Абе добро, ама сепак неможеше да најде салам ЦМ откако му избега Стротман, еве реално ни ван Гал не донесе класа играч од средниот ред. Дојде Херера, кој беше мета на Мојс и Блинд ради игрите на Светското.@ManUtdChampions
Не е како што викаш...И Мојс го имаше истиот кеш како ЛВГ сега, а имаше и тоа што некои играчи би дошле и за помалку ради фактот што бевме актуелни шампиони и игравме во ЛШ. Во секој трансфер период има играчи со ситуација како Ди Мариа сега. ЛВГ кажа јасно дека би довел играч чии карактеристики би се совпаднале со неговата филозофија, а проблемот е што Мојс немаше таква филозофија и во период кога ни требаше диктатор на темпо по средината во период кога имаше доста опции на такви играчи тој се запна по Фабрегас, Модрич и Швајни, за на крај таква позиција да покрива Фелаини. Мата не беше решение на проблемот и не беше толку неопходен ако сме реални во Јануари и дојде ради ситуација каква што беше Ди Мариа сега. Сигурно да не се случеше тоа што му се случи на Мата во Челзи немаше да биде дел од Јунајтед сега, како што е случајот со Ди Марија годинава. Мата играше крило за илустрација под Мојс што значи дека беше доведен колку да се доведи играч од негов калибар, а не да се искористи како што треба (како сега, како 10ка) Проблемот е што Мојс имаше доволно време цело лето да види што профил играч му фали, ние знаевме што фали ама тој не. Имавме редици бледи настапи на турнеата лани каде можеше да се воочи тоа и доволно време да се донесат играчи и во летен и во зимски преоден рок.




