Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Имаме среќа што сме масивен клуб со огромна фан база, па затоа и имаме огромни приходи, инаку одамна ќе игравме чемпионшип.
 
Среќна Нова пријатели!

Во лошо време не погодија отсуствава на АФКОН со повредиве на Бруно, Маунт и Мејно. Таман кога последниве двајца требаше да истапат и да покажат дека треба да се првотимци им лизна шансата. На тоа ако додадеме дека и Мегваер и Де Лихт ги нема подолго време ни го уништи цел моментум кога требаше да додадеме брзина и да освоиме повеќе бодови изминатиот период. Младинциве реално сеуште не се дораснати за ПЛ ниво. Флечер ни Мантато не покажаа нешто на око што влева надеж како во случаите со Хевн или Мејно пред 2 години.

Сега додека сме сеуште во битка за топ 4, мора да се засилат редовите дополнително на позициите каде што сме тенки. И позајмици со можност за откуп се прифатливи во вакви момент. Ако не може одма Балеба, Вортон или Андерсон, нека се размисли за Галагер за позајмица на пример. Рубен Невеш е зицер овој преоден рок. Нема да чини многу, а е со искуство во ПЛ и стандарден репрезентативец. Секако Угарте треба да се продава, а и Касемиро е пред истек на договор.

Не чека тешко гостување во Лидс поготово по споменатите отсуства.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom