Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

United have previous when it comes to mid-winter, warm-weather training camps. Worked well in the past to refocus and re-energise players.

Еве клупско објаснување.
 
Ајде кажи и ние да се насмееме? :pos:

Фати многу топки тоа е точно, ама брате не знае една топка да фати, сите топки му се одбиени.
Топката во рака да му иде он со нога ќе ја удри, ич не ми е сигурен.
Да не беше Де Геа ќе беше 5-1 а не 1-1 !!! тоа што нападот наш наместо креативност игра пресинг пред се велбек е тука е главната вина зашто губиме бодови .
Има една поговорка ... кој нема во паметот има во нозете, додека другите прават акции велбек трча по сите зашто не знае што со топката !!! Направил 3 дриблинзи , 1 помалце од Де геа !!!!
 
Абе види сеа, никој не вика дека Де Геа не фати многу, напротив. Ама дека голот е негова грешка, точно е и тоа. :)
 
:)))))))))))))))))))))) Немој да ми го дирате чичко Гигс, се газам на вакви муабети како болдираниот :D

Иначе закон е и моментот кога сфаќаш дека истиот чичко е едно 50% во право :D
 
Абе види сеа, никој не вика дека Де Геа не фати многу, напротив. Ама дека голот е негова грешка, точно е и тоа. :)
Aма ако беше 3-1, џабе и да ја фатеше оваа последнава. :D
 
Де Геа реагира на ситуацијата како и секој друг голман што би реагирал...Видете на почеток како е оставен сам Асуе Екото при нафрлувањето. Уште кога видов како го оставија сам, како Рафаел ја сјури напред знаев дека ќе има опасен центаршут. Да беше на линија тука некој да го блокира или да попречи таков центаршут ќе беше друг муабетот, а коментарите дека Де Геа е виновен на овој меч ќе кажам да...виновен е што извадивме и 1 поен, зошто да не беше тој сигурно ќе го папавме. Се надевам дека ова се само бледи изданија и ќе се подобри играта. Не сум задоволен од играта уште од мечот со Ливерпул. Ни фали повеќе креација во средината, очајно ни фалат крилата и нивните продори потпомогнати од бековите. Се ближи 13ти Февруари, Реал изгледа страшно во напад, а исто полека се стабилизира и назад. Има уште време САФ да ги составува коцките до тој меч, зошто имаме силен состав кој мора да се искористи.
 
Па реално крилата ни се тотално вон форма. :D
 
Робин Ван Перси ви е И Г Р А Ч И Н А.. многу го поштуем
 
317013_10151261460157746_483693133_n.jpg
 
Не ме загрижува фактот дека изгубивме 2 бода на 30 секунди пред крај, колку фактот дека цело второ полувреме не задржавме топка....
 
Не ме загрижува фактот дека изгубивме 2 бода на 30 секунди пред крај, колку фактот дека цело второ полувреме не задржавме топка....
Грешка е тоа што кога имаме водство се повлекуваме и добро е на некој начин што добивme казна денес за да повеќе не се повторува таа грешка зошто ако на Бернабе се повечеме цело полувреме и им дадеме простор на Реал за игра како денес на Тотенхем може и дебакал да не снајде.
 
Повлекувањето на својата половина со таков состав при водство е нормална работа. Во последните 10-15 минути и свесно сам се повлекуваш, зашто нивните играчи едноставно си остануваат напред немајќи што да изгубат, и ти мораш да ги покриеш. А и со оглед на играчите и тактиката и не очекував нешто заебано да ја држиме топката, кога Џонс е во средина и Клеверли оди на страна заради немање на крило. Не ги споменувам тие работи како негативни, него едноставно не го гледам таквиот тим притискајќи го Тотенхем на долги интервали, а везњаците Керик и Џонс да се разигруваат високо во противничката половина :).

Изборот на играчи беше да се покрие средината и дупките што очигледно постоеја на Олд Трафорд претходниот натпревар против Тотенхем, да се прави пресинг кога тоа ќе се реши и евентуални контри. За резултатот, Тотенхем заслужи бод, ама можевме и ние да издржиме. Во последната акција посебно ме изнервира тоа што Рафаел се залета напред демек Валенсиа ќе ја собере топката, а овој ќе истрча важна контра 30 секунди пред крај. Потоа додека се разбираа кој требало да тргне на топката, не го покрија Асуе Кото при центаршутот. Останатото е лупање по шкафот, ѕидот и креветот :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Повлекувањето на својата половина со таков состав при водство е нормална работа.

Како е нормална работа, кога од 45:01 ние почнавме да го браниме водството од 0-1 против Тотенхем, екипа која статистички игра најдобро во второ полувреме?
Екипа која на 17 од 18 одиграни мечеви дома во Премиер Лигата има постигнато барем еден гол?

Во последните 5 минути, би го извадил Велбек или Валенсија, и бија зајакнал одбраната со Смолинг... Очајно ни требаше висина...

Реал влегува во серија од 4 натпревари без примен гол, а ние мака мачиме со крилните позиции....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom