Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Подобро вака што на време си завршивме со трансферите не сега како Сити на брзина последниот ден да купиме 2-3 играчи колку да речеме и ние сме купиле нешто. Според мене одлични транфери направивме ова лето. Најдобар трансфер ова лето според мене е Кагава. :)
--- надополнето: 31 август 2012 во 16:37 ---
Нека му е со среќа на Бербатов во Фулам и да даде по некој гол сезонава на сите наши конкуренти. :)
 
Губиме класа напаѓач во Бербатов штета е што немаме место за таков играч во нашиот тим, секогаш кога беше потребно играше на ниво и постигнуваше голови дури и минатата сезона кога играше малце постигна неверојатни 7 гола во 12 настапи во Премиер Лига. Жално е што си заминува но секогаш ќе биде запаметен како еден од најпаметните и најдобрите напаѓачи што го носеле црвениот дрес.

Хет трикот против Ливерпул и тоа што не носеше на плеќи 2010/11 никогаш нема да му го заборавам, па ако сака и 5 гола нека ни даде со Фулам, цел ОТ го запали пред 2 години :cuc:

Со среќа нека ти е Димче

article-1284910069428-0B422DE8000005DC-262974_636x348.jpg

Ахх бе стари зашто го даде Мите :( Се најдобро и да ги пуниш ривалите !!!

Piece of genius <33333
 
Детето на Руни е три пати поголемо од ова на РвП а помало е.
 
И да сеа што сакам Нани да ви ги затне муцките против Саутемптон ако игра, можно е и Велбек да игра место Јанг.

НЕ!
Туку нека изигра цела сезона во најдобра форма ... Тогаш ке ги затне муцките против него, а не на еден меч против екипа од подолниот дел на табелата ...
Против Саутемптон лесна работа, се губи на големи мечеви, и игра топло ладно, од натпревар во натпревар ...
Затоа е и критикуван ...
 
А против кој големи екипи Нани изиграл слабо ако може да знам..? Против Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал секогаш играл на високо ниво. и скоро на секој натпревар имаше постигнувано погодок и асистенција.. А прехлани коа заедно со Бербатов го носеа Јунајтед на грб. Бебратов со 21 гол и нани со 17 асистенции тоа не се број..
И ај кажи некое друго крило што би било покорисно да игра место него ?
 
А џабе е, се откажав јас више. Да не копам постови од тогаш од на гостувањето кај Ливерпул кога го повреди Карагер како сите викаа леле Нани ни отиде, ни пропадна сезоната...

14 гола и 23 асистенции во фул сезона, 10 гола и 14 асистенции во сезона во која предност имаа Ешли Јанг дека нели нов па да се вклопи повише играше и Валенсија во топ форма, ама ок, слабо е.
 
Еве ти од пред недела дена, Евертон ... 80 минути потрошени на него ...
Ти текнува финале ЛШ, како одигра истиот?

Друго крило покорисно од него кое може да игра на негово место? Валенсиа!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom