Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ви го пративме Погба, трескајте си ја главата со него сеа, нека дупи камили по пустини во Дубаи :vozbud:

Разумен компромис, вие нам Погба, ние вам Рабио.

Таман ќе ги закопаме секирите и за Царот еднаш засекогаш
 
Разумен компромис, вие нам Погба, ние вам Рабио.

Таман ќе ги закопаме секирите и за Царот еднаш засекогаш
Дајте го онда и Киеса за Рашфорд и тука има компромис.
Па ќе ги закопаме секирите. :D
 
Тен Хаг директно бил вклучен во преговорите со Рабио. Стварно не знам што гледа во него...Ајде можеби сме ние лаици па тој знае повеќе, но не сум оптимист. Можеби увиде што мулиња се МекТоминеј и Фред (поготово првиов). Секаде пишуваат дека уште еден играч ќе се купува во средината покрај Рабио.

Јас ништо не гледам во Рабио и не сакам да се реализира трансферов. Недефиниран ми е како профил на играч. Нешто како МекТоминеј. Не е класичен ДМ, ниту пак бокс ту бокс. Подобро шанса да се даде на Гарнер, Зидан или Севиџ, може и Дони...но тоа што е.

Кога таргетите не се реализираа пред и за време на припремите, сега ова само ми изгледаат како очајнички потези да се зголеми конкуренцијата во тимот, но неплански...Пологично е во вакви моменти да се купуваат играчи кои се веќе во лигата и барем проблемот со адаптација нема да биде нешто воочлив.

Во минатиов месец се гледаше со некои сомнежи во Тилеманс или Невеш...зошто никој друг не запнал по нив досега. Искрено овие двајца се ниво или две подобри од Рабио, а и од Фред и МекТоминеј. Како пар би ги зел и би ги играл еден до друг. Па догодина ако излези нешто подобро на пазарот подобри го средниот ред и имаш солидна клупа во некој од нив, а ги продаваш просеците како Фред и МекТоминеј...

Рабио човече :tapp::tapp: Имав некои очекувања за некакво подобрување сезонава, ама уште од старт прво со Брајтон (ајде почеток на сезона е и во најдобри времиња ни се случувало бледа прва утакмица), а сега ова... како кула од карти ми ги срушија.

Рангник требаше да остани како ДОФ, ама и Тен Хаг ми гледа како тврдоглав и самобендисан лик засега па сака целосна доминација во одлуките. Се надевам дека ќе ни докаже дека е во право.
 
Ако го земат и СМС заедно со Рабио би било топ, но Рабио не ми е нешто посебно. Можеби како подобра верзија на МекТоминеј.
 
Рагник премногу работи им плескаше директ у фаца и делуваше како човек шо не може да го контролираат...

btw нашиов капитен буквално не знае кај се наоѓа...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Не е крив Мегваер Оле е крив.
 
Вампиркава ќе бара лично и нејзе да и платат...имаше шпекулации кога дојде Рабио во Јувентус, дека клубот и фрлил некоја паричка за да не прави скандали по медиумите, како што правеше во ПСЖ кога не и го пуштаа синчето да игра.
Додека играше Рабио во ПСЖ секоја втора ден ја имаше по медиуми, сега во Јувентус глас не и се слушаше :)
 
Тие самоуки менаџери го уништија фудбалот дополнително. Инаку многу долг договор е ако му понудат до 2026 а сигурно ќе му понудат јака плата како вообичаено и оди ослободи се од него после година две ако не го бива :facepalm: Desperation signing, како што вика Марк Голдбриџ.
 
Се надевам ќе го земат овој Гапо место Арнаутовиќ. Овој е млад и перспективен млад напагач и има простор за напредок.
 
Изгледа не се заебаваат за Рабио, сериозно мислат да го купат. :( Дури Тен Хаг наводно инсистирал. Почнувам драматично да го менувам мислењето за Тен Хаг, не може писмен тренер да сака Рабио да го има во тимот. Единствен спас моментално е на Манчестер му е лакомата мајка на Рабио, можеби ќе лупне некоја цена за плата и бонуси па да ја отераат у пичку матер. Друг спас нема, ако го донесат Рабио не планирам да гледам ниту едеч меч на Јунајтед се додека е тој во тимот, и ќе престанам да пишувам тука.
 
Ова со инсистирање на Тен Хаг јас повеќе го гледам како дел од ПР машинеријата на клубов. Демек еве тренеров го сака ептен во тим, а овие во клубов вампириве знаат дека навивачиве нема да се лутат толку многу на Тен Хаг. Нема шанса кога составувал листа на играчи, Рабиот да му бил прв или втор избор за засилување во средина.
 
Дечки таа е реалноста за клубот моментално, и со прејака плата несакаат играчи да дојдат кај нас, Де Јонг е пример, а Тен Хаг виде дека со Мекфред нема иднина, па мора да гледа за нијанса подобри играчи и да прави чуда, па можда и затоа инсистира за Рабио, а покрај Рабио ако го донесе и СМС одлично би било, играчиште е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom