Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Све тоа убаво, да се најде асален ДМФ, ама ако имав некоја надеж дека знаат што прават во поглед на трансфери, се отиде во вода вчера со Арнаутовиќ. Ако бараме по секоја цена играчи со кои Тен Хаг работел претходно, сме го ебале ежот. Прво, тоа значи Тен Хаг ептен не и верува на својата соблекувална и на играчите што ги има, второ, нема никаква доверба во луѓето што договараат трансфери и бираат трансфер цели. Јунајтед и да одбере трансфер цел, преговарачкиот тим не може да го донесе. Најдобар случај, Де Јонг.
Ќорав не е виде што се случи на 3 менаџера, било кој да е нема да има доверба.
 

Ако го довлечкаат ова дрвото во Јунајтед, јас повеќе нема да ги гледам. Не дека некому му е гајле за тоа, и не дека опстанокот на клубот зависи од тоа дали јас ќе ги гледам или не, но да си кажам. Со Арнаутович ќе поминам некако, бидејќи секако ќе биде резерва, ама овој не го можам.
 
Не сум против да се земат алтернативи за Де Јонг и Антони ама играчи како Рубен Невес и Коди Гапо не вакви пропали играчи.
 
9 години ебење у мозок, тоа ни го прави клубов. Вчера успеав да изгледам пола од прво, второ го ѕиркав од кујна без оптимизам. И сфатив дека нивните лоши одлуки успеале да се наметнат и врз моите одлуки, со тоа што сеуште не сум изгасил макс тв и плаќам за да ги гледам овие беди.
Ништо не е сменето, нема ни да се смени, а ние секоја сезона дресови ќе купуваме и ќе се надеваме дека од секое дрво ќе биде шупелка. Жал ми е за Тен Хаг и за ДеХеа кој можеше до сега барем 1 лш да освои во друг тим. Ова другово се на курац.
Брука.
 
Одма ви го праќаме, со се мајка му во пакет...
и ние ви пративме еден, во пакет со браќа, сестри, чичковци, вујко,вујна, тетин, тетка....

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Ви второто полувреме кога влезе Де Бек имаше малку игра, проток на топката. Тогаш живна и Санчо, па и Рашфорд влезе во шанси. Не е глуп човек Тен Хаг, мислам дека набргу ќе се одлободи од Мектоминеј. Колку и да е Скот посветен на клубот, едноставно нема квалитет. Не знам вчера зошто плукавте по Мегваер повторно, одигра сосем солидно. Исто и Мартинез ми делува како ОК засилување, знае со топка и не е паничар, плус може да биде опција повеќе во среден ред. Најголемиот проблем моментално во Јунајтед е средниот ред, и тоа во пакет со Бруно, не е само дефанзивниот дел. И Шо беше многу слаб, кај него нема средина, или игра одлично, или е потоп.

Чудна работа, не треба да си некој експерт да сфатиш дека се очајни потребни холдинг мидфилдер, десен бек и шпиц и не се носи ниту еден играч на тие позиции. Инаку, тоа што Манчестер не го донесе Дарвин Нуњез ќе има долгорочни последици по клубот. Со Нуњез и Де Јонг Манчестер ќе изгледаше како друг тим.
 
Последниве години слабо гледам Јунајтед и фудбал во глобала, али лани кога дојде оној антипатичниот Рагник комплетно престанав да ги пратам, ни на резултати што се вика не ги следев.

Вчера случајно после МотоГП видов дека играат штракајки по каналите па си викам ај нова сезона може се оправиле.
Кога што да видам, истите вечни таленти и просеци + некој нов штопер и Ериксен во прва постава.
Играта мртвила, што е нормално кога Фред и Скот ти се моторот на екипата. Не знаат да одат не пак топка да изнесат од своја половина и да организаираат некаков напад.

Ај гледам конечно се отарасиле од Лингард, ама што мајка бараат Рашфорд и Марсијал уште во тимот? Овој вториов мислев во Шпанија дека е перманентно (n)
За нив двајца уште 2018-19 пишував дека го достигнаа врвот и нема никогаш да бидат лидери на нападот. Требаше уште пред три години или да се шитнат или да се зацементираат на клупа, а не прва постава да играат.

Овој Санчо што е уствари? Полу-шпиц, лево крило, free role...? Не игра лошо ама десно крило не е. Јунајтед последен пат десно крило имаа 2011 со Валенсија и Јанг пред да станат бекови.
Бруно е паднат исто.
Роналдо нека се помири со помала плата и нека мења клуб, џабе ќе губи време тука.

Одбраната...што бара Далот прва постава? Шо со години стагнира и опаѓа, толку од него. Мегваер капитен лол. Новиот појма неам кој е па не можам после една утакмица да му судам.

Трагикомеидја е Јунајтед, Топ 6 и пласман во ЛЕ ќе е апсолутно успех со овој состав.

Не знам ни што ме натера да го напишам постов, ваљда дека од дете сум го прател клубот и имам 2300+ мислења во темава, али доста беше фудбал за сезонава.
 
и ние ви пративме еден, во пакет со браќа, сестри, чичковци, вујко,вујна, тетин, тетка....

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Јас само женскиот дел по машки не сум. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom